Меѓународна Конференција за решение со две држави за идниот месец, потврди Арапската лига

May 16, 2025
1 min read

БАГДАД / АНКАРА (АА) – Висок функционер на Арапската лига денес потврди дека меѓународната Kонференција за решение со две држави за Палестина ќе се одржи во јуни под заедничко претседателство на Саудиска Арабија и Франција, известува Анадолу.

„Конференцијата за признавање на државата Палестина ќе се одржи од 17 до 20 јуни, на која копретседатели ќе бидат Саудиска Арабија и Франција“, изјави помошникот генерален секретар на Арапската лига, Хосам Заки, на прес-конференција во Багдад, каде што на 17 мај (сабота) ќе се одржи 34-от Арапски самит, но не ја прецизираше локацијата на толку значаен настан.

Арапскиот самит се одржува во време на тековниот геноцид што Израел го спроведува во Појасот Газа, во кој од октомври 2023 година досега се убиени над 53.000 Палестинци, од кои повеќето се жени и деца.

Според Заки, конференцијата има за цел „спроведување на претходно усвоената резолуција на Генералното собрание на ОН и забрзување на решението за две држави (Палестина и Израел), покрај истражувањето на начини за материјализирање на палестинската држава на терен“.

Тој истакна дека конференцијата „ќе биде сериозна и сеопфатна“, бидејќи ќе ги разгледа политичките, економските и социјалните аспекти на палестинското прашање од сите агли.

Заки очекува некои земји на конференцијата да ја признаат државата Палестина, што би имало „значајно политичко влијание“.

Во април, францускиот претседател Емануел Макрон објави дека неговата земја може да ја признае Државата Палестина во наредните месеци, истакнувајќи дека тоа би можело да се случи на меѓународна конференција за решението со две држави во јуни, но не го прецизираше местото на одржување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додека Мицкоски се фали дека постигнал договор за стратешко парнтерство со Велика Британија, „Дејли Мејл“ ја посочува како земја за мигрантски кампови

Следно

Хујсен уште вечерва ќе потпише за Реал

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop