Меѓународен ден на мајчиниот јазик, 80 години кодифициран македонски јазик

February 20, 2025
3 mins read

Иако за првпат е прогласен за службен јазик во нашата држава на 2 август 1944 г., на Првото заседание на АСНОМ, континуитетот во развојот на македонскиот јазик го следиме уште од 10-11 век, кога во црковнословенските ракописи се појавуваат првите типично македонски зборови. Тој развој продолжува низ вековите, со засилено навлегување на македонскиот народен јазик во ракописите од крајот на 16 век. Во 19 век веќе се појавува и јасна свест за посебноста на македонскиот јазик и за неговото место во јазичното семејство на светот, свест што кулминира во делото „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков, објавено во 1903 г.

Македонскиот јазик е темелот на македонскиот идентитет. Круната на неговата кодификација е 5 мај 1945 година, денот кога со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква. Набргу потоа, на 7 јуни 1945 г., е усвоен и правописот на македонскиот јазик. Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со основоположничките дела на великанот на македонскиот јазик, Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

Оваа година, јубилејот 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик има за нас посебно значење зашто конечно по 30 години можеме да објавиме дека двете македонистички катедри на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ги допрецизираа и ги сменија своите називи: Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици се преименува во Катедра за македонски јазик, а Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности во Катедра за македонска книжевност и култура. Со овој чекор комплетно се заокружува македонистиката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Денот 5 мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на 130. седница на владата, одржана на 16 април 2019 година.

Во соопштението од оваа седница за оваа одлука пишува:

На оваа своја денешна седница, Владата на РСМ донесе одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер. Одлуката овој датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци Министерството за просвета го озакони, првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик.

Со оваа своја одлука тогашната Влада застана цврсто на позицијата на одбрана на посебноста, автентичноста и континуитетот на создавањето на македонскиот јазик.

Македонскиот јазик беше еден од службените јазици и во поранешна Југославија заедно со, српскохрватскиот, кој тогаш беше така неречен и словенечкиот.

Две азбуки биле употребувани во Југославија: латиницата и кирилицата.

На 8 април 1993 година, на приемот на Република Македонија во ОН, за прв пат одекна македонскиот јазик во Генералното собрание.

Во силна одбрана на македонскиот јазик и неговата посебност застана и ЕУ откако Република Бугарија го услови членството во унијата со редефинирање на автентичноста на нашиот јазик

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, во говор во македонскиот парламент изјави „ЕУ ја чека со вашата земја со вашиот уникатен идентитет и со македонскиот јазик“

„Во ЕУ сме подготвени да ја пречекаме Северна Македонија со нејзиниот уникатен иденитет и со нејзиниот сопствен јазик. Денес имаме 24, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик“, истакна во своето обраќање на прес конференцијата претседателката на ЕК Фон дер Лајен.

Говорот на фон дер Лајен во Собранието беше израз на континуитетот за поддршката на ЕУ за нашата земја во однос на идентитетските прашања на Северна Македонија.

Во активностите на Делегацијата на Европската Унија постојано е вклучена афирмацијата на македонскиот јазик и придонесот на  големите македонски автори кои ги достигнале височините на литературната европска култура. Европската Унија преку програмата Креативна Европа поддржа превод и издавање на 420 романи од европски автори на македонски.

Истовремено со почетокот на преговорите на Северна Македнија за членство во ЕУ, Брисел распиша оглас за акредитација на преведувачи и конференциски толкувачи на македонски јазик (МК) како А-јазик“.

Овој оглас само го потврдува меѓународното признавање на македонскиот јазик и е доказ дека македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија со членството на Северна Македонија.

Македонскиот јазик е борба која никогаш не завршува и тоа се потврди и со основањето на Центарот за македонски јазик во Грција, нешто што не можеше да се замисли пред 2018 година, кога беше потпишан Преспанскиот договор и тоа на три јазици, на македонски, грчки и англиски.

Се покажа како исправна одлуката на судските власти во оваа земја, соодветна на 21 век, да го регистрира Центарот за македонски јазик, кој за македонското малцинство во Грција е историска победа. Чин на остварување на аманетот на многу претходни генерации кои на своите наследници им порачаа дека борбата за македонскиот јазик и за правата на Македонците е постојана борба која никогаш не треба да заврши.

Македонскиот јазик е меѓу десетте светски јазици на кои Вселенската патријаршија ги објавува посланијата на Патријархот Вартоломеј.

Македонскиот јазик денес одекна од срцето на Тирана. На Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана повторно беше отворен Лекторатот по македонски јазик како дејност на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје.

За посебноста и автентичноста на македонскиот јазик светската научна јавност нема никакви дилеми.

Виктор Фридман, професорот од Универзитетот во Чикаго, кој повеќе од 50 години го учи, истражува и зборува македонскиот јазик, рече дека воопшто немал претстава дека македонскиот јазик ќе предизвика проблеми какви што сега произлегуваат од соседите.

Како остар критичар на политиките на Бугарија кон Македонија во однос на македонскиот јазик, во една прилика тој ја оцени актуелната бугарска политика во однос на македонските идентитетски прашања за фашистичка.

Минатата година е донесен и Законот за употреба на македонскиот јазик кој содржи многубројни решенија за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми што се во функција назајакнување на почитувањето на македонскиот стандарденјазик и неговата правилна употреба.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Херои на денот: Пожарникари извлекоа куче од пожарот во Кисела Вода

Следно

Меџити: ДУИ се сѐ уште под влијание на Груби

Latest from Blog

Костадинов во Аргумент плус: Профитот на компаниите е поголем поради зголемениот обем на потрошувачка

Потпретседателот на Сојузот на стопански комори Ромео Костадинов во Аргумент плус рече дека анализата која ја направил Сојузот покажала дека профитните маржи не се покачени туку е зголемен обемот на потрошувачка. „Анализата

Ердоган: Само Туркије и нејзиното членство во ЕУ може да ја спаси Европа од ќорсокакот во економијата и одбраната

ИСТАНБУЛ (АА) – Само Туркије може да ја спаси ЕУ од „ќорсокакот во кој западна“ за прашања, вклучително и економијата и одбраната, истакна денес претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

ВИДЕО: Погледнете како изгледа новиот проект на охридскиот аеродром

За прв пат по изградбата на аеродромот во Охрид ги прошируваме капацитетите, ќе градиме нова терминална зграда, вели министерот за транспорт Александар Николоски. -Проектот опфаќа изградба на нова административна зграда со површина

„25 инфраструктурни во 2025-та во Чаир“ – Ганиу: Не е предизборна кампања, ги добивме средствата

Градоначалникот на општина Чаир претстави неколку инфраструктурни проекти. Главните проекти опфаќаат реконструкција на 4 улици. Во соопштението се споменува и салата Партизан и реконструкција на фудбалското игралиште на стадионот на Чаир, а
Go toTop