Меѓу загинатите во Нови Сад и 45- годишниот Васко Саздовски, македонски научник од „Биосенс“

November 2, 2024
1 min read

Меѓу загинатите на Железничката станица во Нови Сад, каде што бетонскиот покрив се урна од зградата на станицата, се наоѓаше и Васко Саздовски од Македонија.

Според информации на „Политика“, овој 45-годишен научник работел во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии за земјоделството. Директорот на „Биосенс“, Владимир Црнојевиќ, ја потврди веста за „Политика“.

– Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработи во водечка европска институција како искусен научник. Претходно имаше научна кариера, изјави Црнојевиќ за весникот.

Колегите на Саздовски се собраа во Институтот „Биосенс“ утрото по трагедијата. Според нивните зборови, Васко работел таму нешто повеќе од една година, во центарот за сензорски технологии, а речиси секој викенд го поминувал дома во Македонија, каде што живеат неговата сопруга и двете деца. На пат тргнал и кобниот петок, 1 ноември.

Македонската амбасада во Белград е во редовна комуникација со семејството на починатиот околу потребните административни процедури, за транспортирање на телото на починатиот во Македонија.

Во Нови Сад се прогласени тридневни денови на жалост почнувајќи од денеска поради загубата на 14 лица врз кои се урна масивниот бетонски покрив на железничката станица. Според тврдењата на кинеската компанија која ги изведуваше работите и претставниците на државата, тој дел од зградата не бил предмет на реконструкција.

Обновата на станицата се одвиваше во две фази како дел од реконструкцијата на железничката линија за брзи возови. Имаше две свечени отворања. Работите на овој културен споменик, архитектонско здание од 1964 година, започнаа во октомври 2021 година. Делот од обновената зграда беше свечено отворен во март 2022 година како дел од отворањето на обновената брза пруга од Белград до Нови Сад, на кое присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Веднаш по тоа отворање, работите продолжија со втората фаза, а на почетокот на јули 2024 година беше соопштено дека реконструкцијата на станичната зграда е завршена. По тој повод, реновираниот објект го посетија министерот Горан Весиќ, претседателката на Покраинската влада Маја Гојковиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Во рамки на оваа обнова, зградата доби нов покрив, фасади, столарија и мебел, уредена телекомуникациска опрема, шалтери, чекални и тоалети, детско катче, дел за домашни миленици, како и лифт и галеријски трем од мермер и стакло, кои претходно не постоеја во станичната сала.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Владата договара нов кредит држава со држава за Коридорот 10 – Мицкоски: Не е Кина, Русија, ниту Унгарија

Следно

Во израелски напади врз северниот дел на Газа се убиени 84 Палестинци, од кои 50 се деца

Latest from Blog

Сите 12 штитеници на Домот за пензионери во Тузла починале од задушување, покажаа резултатите од обдукцијата

Сите жители на домот за стари лица во Тузла, кои починаа во пожарот што избувна таму завчеравечер, починале како последица на задушување, според обдукцијата, чии резултати денес ги објави окружното обвинителство на

Ајакс остана без тренер

фото: Ajax (X) Џони Хеитинга повеќе не е тренер на тимот на Ајакс. Менаџментот на клубот се одлучи да му врачи отказ на некогашната икона на холандскиот фудбал, поради очајните резултати пред

Орбан: Унгарија ќе се бори Трамп да ја ослободи од санкциите за руската нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија ќе се бори американскиот претседател Доналд Трамп да ја ослободи од санкциите за руската нафта. „Играме за да победиме“, одговори Орбан на прашањето на

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Европската комисија го објави Годишниот извештај за напредокот на земјата во процесот на пристапување во Европската Унија. Извештајот не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на

Орце Ѓорѓиевски го презеде мандатот со ветување за чесна и одговорна администрација

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално ја презеде функцијата, најавувајќи ново поглавје во историјата на главниот град. На церемонијата во просториите на Град Скопје, тој истакна дека неговиот мандат ќе започне
Go toTop