Меѓу војниците на израелската Армија зголемен бројот на самоубиства

January 2, 2025
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Дваесет и осум израелски војници извршиле самоубиство од избувнувањето на војната во Газа во октомври 2023 година, објави Армијата, пренесува Анадолу.

Во военото соопштение се вели дека 17 војници се самоубиле во 2024 година.

„Бројката е поголема од 2023 година кога 17 војници починаа во „веројатни самоубиства“, вклучително и седум по избувнувањето на војната“, се додава во соопштението.

Според податоците објавени од Армијата, најмалку 891 израелски војник се убиени, а 5.569 други се повредени од избувнувањето на конфликтот во Газа.

Армијата објасни дека 363 војници биле убиени во 2024 година, додека 558 војници во 2023 година, а само 44 во 2022 година.

„За спречување на самоубиствата, телефонската линија за психичко здравје функционира деноноќно“, се вели во соопштението.

И покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, израелската Армија ја продолжи геноцидната војна врз Газа во која се убиени речиси 45.600 Палестинци, главно жени и деца, од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Наместо ние да се европеизираме, процесот на пристапување во ЕУ се балканизираше

Следно

Младеновиќ отпадна од конечниот список на Лазаров за Мундијалот

Latest from Blog

Костадиновски: „Безбеден град“ ни покажа дека нашиот менталитет може бргу да се приспособува на правила

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во изјава за медиумите денеска информира дека за системот „Безбеден град“ формирани се четири предмети. Нагласи дека овој проект покажал дека нашиот менталитет може многу бргу

МБИ10 со пад од 0.19% – Банкарскиот и фармацевтскиот сектор во фокус на берзанската активност на денешната сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.   На берзанската сесија од 17 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,19% и затвори на 10.154,21

Проданоски: Прилеп отворен за нови инвестиции и партнерства

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари работна средба со претставници на MATTO (Стопанска комора на Македонија-Турција), каде се разговараше за продлабочување на економската соработка и можностите за нови инвестиции. На средбата, Проданоски
Go toTop