Медиумски извештаи: Египетските разузнавачи го предупредиле Израел на можна ескалација

October 9, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Египетските разузнавачи во повеќе наврати го предупредувале Израел дека Хамас планира „нешто многу големо“, но нивните соговорници не го сфатија тоа сериозно, пренесува Анадолу.

Повикувајќи се на изјава на неименуван египетски разузнавач, новинската агенција Асошиејтед прес (АП) објави дека тие го предупредиле Израел дека палестинските групи подготвуваат напади од Појасот Газа.

Египетски функционер рече дека ги предупредиле своите соговорници во Тел Авив за ситуацијата во Газа за време на тековните разговори за размена на затвореници.

„Многупати ги предупредувавме Израелците дека ситуацијата достигнува точка на експлозија и дека ќе биде многу голема. Но, тие го потценија тоа предупредување“, рече тој.

Израелските медиуми ги критикуваа воените, безбедносните и разузнавачките агенции на земјата дека покажале голема слабост во спречувањето на саботните напади од Газа.

Портпаролот на израелската Армија, Даниел Хагари, прифати дека Армијата ѝ должи објаснување на јавноста, но рече дека сега не е време и дека прво ќе се борат, а потоа ќе истражат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лајчак: Време е Западен Балкан да направи „брз напредок“ кон членството во ЕУ

Следно

Мицкоски: Веднаш по смена на власта, велешани ќе добијат нов мост во Башино село и нова обиколница

Latest from Blog

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop