Медиуми: Украина погоди над 40 руски стратешки бомбардери во напад од големи размери

June 1, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) — Украинската војска спроведе напад од големи размери врз Русија, а државните медиуми денес објавија дека над 40 стратешки бомбардери биле уништени во нападот со употреба на беспилотни летала во различни региони, вклучувајќи го и сибирскиот регион Иркутск, оддалечен над 4.000 километри од границата, пренесува Анадолу.

Безбедносната служба на Украина (СБУ) спроведе „голема специјална операција“ за уништување на руски бомбардери, објави украинската државна новинска агенција Укринформ, повикувајќи се на извори од СБУ.

Се наведува дека беспилотните летала на СБУ ги таргетирале авионите што ги користела Москва во нападите врз украинските градови преку ноќ.

Се тврди дека во моментов се знае дека се погодени над 40 бомбардери, и се додава дека подготовките за „операцијата“ траеле повеќе од година и пол.

Нападот бил насочен кон четири аеродроми одеднаш, Олења, Иваново, Дјагилево и Белаја, од кои последниот се наоѓа во рускиот сибирски регион Иркутск, чиј административен центар е оддалечен повеќе од 4.300 километри од руско-украинската граница, објави Укринформ, повикувајќи се на извори од СБУ.

Гувернерот на Иркутск, Игор Кобзев, на Телеграм ги потврди нападите врз неговиот регион, велејќи дека воена единица во населбата Средни била нападната со дронови.

„Изворот од кој се лансирани дроновите е блокиран. Тоа бил камион“, додаде тој.

Гувернерот на Мурманск, Андреј Чибис, и гувернерот на Рјазан, Павел Малков, исто така, јавија за напади со беспилотни летала во нивните региони. Но, Чибис ги нарече информациите во врска со експлозиите во градот Североморск „лажни“.

Инаку, градот е главна поморска база за Северната флота на Русија.

Безбедносната служба на Украина (СБУ) сè уште не дала официјален коментар за извештаите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Интензивно се работи на 3-те автопатски делници

Следно

Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop