Медиуми: Габриел ќе остане во Арсенал за повисока плата

May 30, 2025
1 min read

Бразилскиот централен дефанзивец Габриел (27) се очекува да потпише нов договор со Арсенал што ќе му донесе и повисока плата, објавија денеска британските медиуми.

Бразилскиот интернационалец пристигна во Арсенал во летото 2020 година од Лил за 26 милиони евра, а неговиот тековен договор е до јуни 2027 година.

Габриел е меѓу најслабо платените играчи во клубот, заработувајќи околу шест милиони евра по сезона, што го поттикна богатиот саудиски Ал-Наср да му понуди трансфер во своите редови.

Според медиумите, тренерот на Арсенал, Микел Артета, сака да ги задржи клучните играчи по секоја цена, а стоперскиот тандем Габриел и Вилијам Салиба е столбот на одбраната. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мосад ја финансира Фондацијата за хуманитарна помош во Газа со цел раселување на Палестинците

Следно

Турскиот министер Фидан во Киев оствари средба со украинскиот претседател Зеленски

Latest from Blog

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски,

Наместо 10 денари, дизелот би требало да поскапи околу 3 денари – Се намалува ДДВ-то за горива од 18% на 10%

Извршната власт подготвува интервентни мерки за да ги заштити граѓаните од најавениот драстичен скок на цените на горивата на светските берзи. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, без владина реакција, бензините би
Go toTop