Медицинскиот канабис има ограничени придобивки и сериозни ризици

December 30, 2025
1 min read

Популарноста на медицинскиот канабис расте, но научните докази не ја следат таа еуфорија. Голема анализа од над 2.500 научни трудови објавени меѓу 2010 и 2025 година покажува дека тој е ефикасен само во ретки, строго дефинирани случаи, додека за другите состојби доказите се слаби – а ризиците се реални.

Во обемната анализа, научниците ги проценуваат терапевтските ефекти и тврдењата поврзани со медицинскиот канабис.

Резултатите од оваа анализа потврдија дека канабисот е делотворен во специфични случаи – веќе признати од страна на Американската администрација за храна и лекови (ФДА). Тие вклучуваат ублажување на гадење и повраќање предизвикано од хемотерапија, стимулирање на апетитот кај луѓе со ХИВ и лекување на одредени тешки епилептични нарушувања кај децата. Сепак, вон овие специфични случаи, доказите и наводите за медицинската ефикасност на канабисот остануваат слаби, се вели во написот објавен во „Журналот“ на Американската медицинска асоцијација (The Journal of the American Medical Association).

Иако многу луѓе користат канабис, со надеж дека ќе ги ублажат симптомите, прегледот и наодите јасно покажуваат значајна разлика меѓу популарното мислење за неговата наводна делотворност и вистинските научни докази, посочи Мајкл Хсу – клинички истражувач на Универзитетот во Калифорнија и главен автор на научното истражување.

Истражувањето, на пример, не поддржува употреба на канабис или канабиноиди во третман на акутна болка или несоница.

Покрај тоа, анализата предупредува на можни сериозни здравствени опасности поврзани со често вдишување канабис со висока концентрација. Тука спаѓаат психотични симптоми, генерализирано анксиозно растројство и кардиоваскуларни заболувања.

Сепак, не сите научници се согласуваат со методологијата на оваа анализа. Сајмон Ериџ од Клиниката „Кјуралиф“ во Велика Британија, кој не бил вклучен во новото истражување, истакнува дека методологијата не е доволно јасна во врска со критериумите за вклучување за одредени трудови, додека други некои студии со слична тематика можеби биле изоставени. На крајот на краиштата, Хсу нагласува дека се потребни и натамошни истражувања за подобро разбирање на вистинските придобивки и полза, и можната штетност од употребата на медицински канабис.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Теодосиевски: Вистината има лице

Следно

Најубави новогодишни вести за Микел Артета

Latest from Blog

Пронајдени се телата на италијанските нуркачи на Малдивите

Телото на петтиот член на групата е пронајдено порано, по несреќата што се случи во четвртокот. Италијанските државјани биле пронајдени во пештера длабока 60 метри на атолот Ваву, благодарение на заедничката акција

Опозицијата праша кој му ги плаќа патувањата на Фетаи, кој денес не се појави на пратенички прашања

Ве молам, потпретседателе, стопирајте ми го времето. Ве молам да го почекаме да влезе во собраниската сала заменикот-претседател на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи. Уредно најавив прашање и ми беше одговорено

Дурмиши: Али Ахмети се крие зад студентските протести

Министерот Бесар Дурмиши по денешниот протест на студентите порача дека проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик потекнува од времето кога ДУИ била на власт, обвинувајќи ја партијата за долгогодишна

Мурињо поставил три услови пред да дојде во Реал

ФОТО:facebook.com/SLBenfica/ Жозе Мурињо е на чекор да стане нов тренер на Реал Мадрид. Иако веста не е официјално потврдена, сите извори наведуваат дека португалскиот стручњак постигнал договор со претседателот Флорентино Перез за

Трамп го предупреди Иран дека му истекува времето, Израел разговара со САД за можно продолжување на нападите

 Објавата доаѓа во услови на подолг застој во дипломатските напори за изнаоѓање на некакво решение со Иран. Неговото предупредување, и натаму не ги колеба властите во Техеран, според кои досегашните методи на
Go toTop