Меџити: Започнува целосната реконструкција на атмосферскиот канал во Хасанбег

September 19, 2025
1 min read

Хасанбег конечно го добива проектот што жителите со години го очекуваа – започна целосната реконструкција на атмосферскиот канал, инвестиција која ќе донесе сигурност, заштита и развој за илјадници жители.

Каналот, долг 1350 метри и широк до 10 метри, ќе обезбеди цврста заштита на населбата од можни поплави. Ова е директен одговор на трагедијата од 2016 година, кога поплавите одзедоа 23 човечки животи и оставија зад себе уништување и длабоки траги.

„Во февруари најавив целосна реконструкција на овој канал. Денес ветувањето станува реалност. Со овој проект, вреден 38 милиони денари, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општина Гази Баба ја докажува важноста на заедничкото дејствување во интерес на граѓаните,“ изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

Тој нагласи дека Хасанбег долго време плаќал висока цена поради негрижата и неинвестирањето во минатото, но со овој проект започнува нова ера на сигурност и развој.

„Овој инвестициски зафат е гаранција за животот, за имотот и за иднината на жителите на Хасанбег. Времето на заборав е завршено,“ порача Меџити.

Со реконструкцијата, на жителите им се овозможува крај на стравот и несигурноста, а почеток на стабилност, развој и доверба.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филков го потпиша третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за меѓусебна соработка во кривична материја

Следно

Димитриеска – Кочоска: Министерството за финансии и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop