Меџити: Пратеници од „Европскиот фронт“ ќе преминат во „Вреди“

May 30, 2024
1 min read

Се ситни коалицијата „Европски фронт“. Според најавите на лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, партијата која е дел од коалицијата „Вреди“, тројца-четворица од вкупно 18 пратеници колку што доби мандати „Европскиот фронт“ на парламентарните избори, ја носат крајната одлука да преминат во новото мнозинство.

Меџити во интервју за „А2 Си-ен-ен“ не сакаше да открива имиња, но рече дека во моментов од две турски партии кои се дел од коалицијата со ДУИ, нема да можат да останат четири години во опозиција.

„Европскиот фронт“ не се обедини на идеолошки основи, не ги обедини програмата, туку се обединија да опстанат и да бидат дел од владата. Во моментот кога не се дел од владата, мисијата пропадна и почнува распаѓањето на „Европскиот фронт“, така што можам да кажам дека веќе од тие 18 пратеници, 3-4 со едната нога се дел од новото мнозинство, рече Меџити.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Туркије се спроведува големата воена вежба „Ефес-2024“, учествуваат војници од 45 земји

Следно

Најголемиот балкански срцекршач денес слави роденден: Тешко ќе погодите колку години има Здравко Чолиќ

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop