Меџити: Од денес се инсталира новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија

October 21, 2023
1 min read

реклама


Министерството за здравство информира дека од денеска започнува инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Од Министерството за здравство велат дека првите две фази на демонтажа на дваесет години стариот акцелератор е завршена и направена е адаптација и реновирање на бункерот. 

реклама

-Проблемите ги решаваме брзо и ефикасно. Со задоволство информирам дека од денес започнуваме со монтажата на новиот акцелератор Varian 6116 на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија. Деинсталацијата на линеарниот акцелератор стар околу 20-тина години која започна во август е завршена и направена адаптација и реновирање на бункерот, истакнал министерот за здравство Фатмир Меџити.

Од Министерството за здравство соопштуваат дека во првата фаза се предвидува физичка инсталација на системот, по која следат мерења,калибрации, моделирања на системот до конечно пуштање во употреба. Исто така се предвидува вршење на обука за работа до апаратот. Согласно предвидената динамика инсталацијата и останатите активности се предвидува да завршат за околу три до четири месеци, по што истиот ќе биде пуштен во употреба. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Златна лира 2023: Концерт на Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано

Следно

Лајчак во Приштина:Настаните од 24.септември не го менуваат фактот дека Косово и Србија мора да го исполнат договореното

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop