Меџити: Образованието е нашата најсилна инвестиција за иднината на Чаир

October 8, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го претстави планот за најголемиот инвестициски циклус во областа на образованието досега, со јасна цел – секое дете да има пристап до квалитетно образование, современи училишта и безбедни услови за развој на својот потенцијал.

„Образованието е темелот врз кој се гради едно општество. Нашата визија е Чаир да стане општина на знаењето, еднаквите шанси и модерните училишта,“ изјави Меџити.

Планот предвидува изградба на три нови детски градинки, нова училишна зграда за 1.300 ученици во Тенеќе Маало, нова специјализирана школа за деца со посебни потреби „Иднина“, како и проширување на училиштата „Хасан Приштина“ и „Исмаил Ќемали“. Дополнително, ќе се изгради и современа спортска сала во училиштето „Јашар беј Скопје“.

Меџити најави и целосна модернизација на сите училишта – наставата ќе се одвива во една смена, со обновени училишни дворови и сали, нова ИТ опрема во секоја училница и целосна пристапност за децата со попреченост.

Во рамки на програмата се предвидени и стипендии за талентирани ученици, бесплатни учебници и училишен прибор за првачињата, како и обуки во технологија и развој на училишниот спорт.

Централна точка на визијата на Меџити е универзитетскиот кампус „Маjка Тереза“, инвестиција вредна 40 милиони евра, која треба да го трансформира Чаир во вистински академски и развоен центар.

„Средствата за сите овие проекти се обезбедени. Време е да ги реализираме и да го направиме образованието најсилниот столб на развојот во Чаир,“ порача Меџити.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски во интервју за ТВ Тера најави големи инфраструктурни проекти и безбедносни подобрувања за Битола

Следно

Проданоски: Вистинската сила на Прилеп е во луѓето што го градат секој ден

Latest from Blog

Коњановски: Нови спортски терени за учениците во Горно Оризари

Денеска, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со пратеникот Пеце Милевски и одговорните за проектот, изврши увид во градежните работи на започнатата реконструкција на спортските терени во подрачното училиште „Тодор Ангелевски“

Градоначалникот на Прилеп повика на поширока дебата за бездомните кучиња

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, повика на поширока јавна дебата за справување со проблемот со кучињата скитници, откако на денешната седница на Советот на Општина Прилеп се дискутираше за предлогот за утврдување
Go toTop