Меџити: Обезбедивме нов современ апарат на Торакална хирургија

October 18, 2023
1 min read

реклама


Министерството за здравство (МЗ) набави хируршки столб – торакоскоп за Kлиниката за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Апаратот вреден 11,1 милион денари, е наменет за изведување стандардни и специфични минимално инвазивни ендоскопски торакално-васкуларни процедури во делот на белите дробови. Овозможува многу подобра визуелизација на крвните садови во однос на конвенционално бело светло, со што се олеснува и забрзува хируршката интервенција.

Како што информира МЗ, торакоскопот е систем од најновата генерација на американскиот производител „Arthrex“.

реклама

-Со технологијата која ја има апаратот се овозможува одлична визуелизација на проток на крвта пред за време и по хируршката процедура, како и полесна идентификација на граници на одредени ткива, со што се овозможуваат попрецизни и побрзи хируршки процедури. Со овој современ апарат се овозможува проверка на васкуларни анастомози и перфузија, како и детекција на лимфни чворови. Системот има автоматско внесување податоци, како и поврзување со корисници надвор од операциска сала преку интернет или компјутерска мрежа, наведува МЗ.

Според МЗ, Меџити и неговиот Кабинет интензивно работат на подобрување на условите во јавно здравствените установи, со цел поквалитетна здравствена услуга за пациентите и подобри услови за работа на здравствените работници.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руските пратеници го усвоија Закон за отповикување на ратификацијата на Договорот за забрана на нуклеарни тестови

Следно

Северна Македонија и австриската покраина Штаерска потпишаа заедничка декларација за соработка

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop