Меџити најави целосна трансформација на ОУ „Јашар-бег Скопски“ во Чаир

August 24, 2025
1 min read

Изет Меџити, прв-вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, објави дека започнаа градежните работи во ОУ „Јашар-бег Скопски“ во населбата Дуќанџик, Чаир.

По неодамнешната посета на училиштето, Меџити идентификуваше проблеми кои го попречуваа нормалниот процес на настава и го загрозуваа безбедноста на учениците и персоналот. Тој го увери наставниот кадар дека веднаш ќе се интервенира за да се решат приоритетните потреби.

Денес започна работа на рушење на старата делница од училиштето, која претставуваше опасност за учениците и наставниците. На нејзино место ќе се изградат модерна спортска сала, детски агол и четири нови училници, со цел создавање безбедни и функционални услови за сите ученици и наставници.

 

Со овие инвестиции, училиштето ќе стане второ во општина Чаир кое ќе работи само во една смена, овозможувајќи повеќе време и простор за настава, активности и развој на учениците.

Меџити потенцира дека Владата продолжува да инвестира во иднината, градејќи безбедни и современи простори за граѓаните, со цел креирање стандарди за подобар живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сарамандов: Грчките туристи имаат голем инпут во локалниот развој на Гевгелија

Следно

Зеленски: Украина повторно ќе живее во мир

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop