Меџити најави одземање на концесијата за каменоломот во Страчинце

September 24, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, синоќа го посети скопското село Страчинце и се сретна со жителите кои со недели протестираат против отворањето на каменолом во нивната близина.

Меџити ги информираше дека министерството донело негативна одлука по барањето за започнување со работа на каменоломот, оценувајќи дека ваквата активност би имала сериозно негативно влијание врз животната средина, ризик од поплави, како и врз здравјето на жителите.

„Ова е долгоочекувана вест за жителите на Страчинце, кои со години се загрижени за можните последици од каменоломот. Конечно, институциите ја ставија заедницата и здравјето на луѓето на прво место“, изјави Меџити.

 

Тој додаде дека дозволата за работа на каменоломот била издадена пред неколку години од претходните влади, но оти Владата сега е подготвена да го затвори ова прашање. Следниот чекор, според него, е конечно поништување на концесијата, што ќе се разгледува на наредната владина седница.

Покрај ова, Меџити најави ангажман за пошумување и санација на регионот со цел враќање на природниот баланс

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рибите ќе откријат вистини кои долго ги бараат, Стрелецот со заразен ентузијазам

Следно

Трамп: НАТО треба да ги соборува руските авиони кои ќе го нарушат воздушниот простор на земјите членки

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop