Меџити и тенорот Раме Лахај со заедничка визија за културен проект во Скопје

September 22, 2025
1 min read

Скопје, 22.09.2025-Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Скопје го пречека светски познатиот тенор Раме Лахај, со кого оствари пријателска средба во Старата скопска чаршија.

По средбата, Меџити на социјалните мрежи ја најави новата иницијатива – мега проект во сферата на културата, кој ќе го врати Чаир и Скопје во центарот на културната мапа на Албанците.

Главниот град ќе биде домаќин на Националниот фестивал на албанската култура „Порта на културата“, единствен настан што ќе ја обедини музиката, театарот, филмот, литературата и ликовната уметност на една сцена.

Меџити му ја претстави идејата за овој фестивал на познатиот тенор, при што биле споделени заеднички визии.
Според Меџити, „Порта на културата“ ќе прерасне во нова традиција што ќе ги промовира албанските уметници и ќе ги поврзе генерациите преку уметноста и креативноста.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес со јачина од 4.8 степени во близина на Света гора

Следно

ВЛЕН: Патриотизмот на Таравари–Села–Ахмети е празно тенџере

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop