Меџити: ДУИ се зазема за враќање на Груевски – Касами: Османи го злоупотребува претседателството со ОБСЕ

October 27, 2023
1 min read

реклама


Тројцата лидери на опозицискиот блок Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши од старата скопска чаршија упатија обвинувања до власта, а особено кон ДУИ. Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, го обвини Бујар Османи дека се обидел да го злоупотреби претседавањето со ОБСЕ за да влијае на бројот на набљудувачи во изборниот процес.

„Имаме одредени информации дека Бујар Османи се обидел да го злоупотреби претседавањето со ОБСЕ, да влијае на одлуката за бројот на набљудувачи од ОБСЕ за изборниот процес. Јасно ставаме до знаење дека точно знаеме што се подготвени да направат за да се обидат да го заштитат своето незаконски стекнато богатство“, вели Касами

реклама

Од друга страна, претседателот на ДД Изет Меџити рече дека ДУИ е спремна за враќањето на Груевски да се пазари, за да може да си обезбеди место во идната Влада дури и ако ги загубат изборите.

„Нашите извори велат дека ДУИ одамна се откажала од уставните измени и дека единствената причина поради која толку се залага за враќање на Груевски е пазарењето со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваат дека Груевски и да ги загубат изборите ќе обезбеди позиција за создавање широка влада за која ќе преговараат и со пратениците на СДСМ“, вели Изет Меџити, претседател на ДД.

реклама

Во меѓувреме, претседателот на ААА, Африм Гаши, рече дека имаат три услови во однос на уставните измени. Првиот услов е патот кон ЕУ без никаков компромис, без разлика кој ќе победи на изборите во македонскиот табор, вториот услов е уставниот амандман за незастарување на случаите за злоупотреба на службената положба и третиот услов, според Гаши, е отстранувањето на 20% од уставот како формулација која се однесува на албанскиот јазик.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жена судски напудила од дома мрцини што ѝ се синови

Следно

ЕК загрижена за состојбата во правосудството на РСМ – Рејндерс: Треба да се увериме да не застарат делата

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop