Меџити: „Чаир заслужува поквалитетен живот и сигурна вода“

August 20, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска ја посети изградбата на новата водоводна мрежа на улицата „Аврам Писевски“ во населбата Гази Баба. Проектот се реализира преку Министерството за животна средина и просторно планирање и претставува значаен чекор за унапредување на инфраструктурата.

„Овој инвестиционен проект е доказ дека кога се работи со координација и посветеност, позитивните промени стануваат видливи. Граѓаните ќе добијат сигурно и стабилно снабдување со вода за пиење, како и поквалитетен живот во годините што следат,“ изјави Меџити.

Тој потенцираше дека институциите не треба да остануваат затворени во канцеларии, туку да бидат постојано на терен, меѓу граѓаните, слушајќи ги нивните потреби и обезбедувајќи конкретни резултати.

 

„Не остануваме во канцеларија. Излегуваме на терен, ги слушаме граѓаните и се грижиме секое ветување да стане опиплив резултат,“ порача Меџити.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: „Победничката програма ќе ја пишуваме заедно со народот

Следно

Мицксоски: Владата веќе 14 месеци стабилно функционира, ДУИ да извлечат поука и да се реформираат и можеби на некои следни избори ќе бидат конкурентни

Latest from Blog

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј

Повеќе ред и хигиена на гробиштата во Прилеп

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп поставија дополнителен број корпи за отпадоци на Старите и Новите градски гробишта во Прилеп, со цел подобрување на хигиената и одржувањето на просторот. Од претпријатието информираат дека

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,
Go toTop