Меџити апелира да се објават имиња – ОЈО повикува случајот со Онкологија да не се користи за политички цели

November 10, 2023
1 min read

реклама


Министерот за здравство Фатмир Меџити го повикува обвинителството да излезе со конкретни имиња и презимиња за скандалот со онкологијата. Ветува дека работите ќе се подобрат, притоа нагласувајќи дека повеќе би сакал да биде лекар отколку политичар со вратоврска.

„Уште еднаш апелирам за Онкологија, време е Обвинителството да излезе со конкретно име и презиме, затоа што овој костум што го гледате денес на мене, оваа вратоврска ме гуши, денес се чувствувам подобро овде и имам емоции. Дозволете ми да ви кажам дека белиот мантил ми одговара и уште од првиот ден ви кажав дека не преферирам да бидам политичар, од ниту една партија, туку ќе бидам доктор и ќе останам таков и со моите колеги кој заедно ќе ги подобри работите со вас“, вели Фатмир Меџити.

реклама

Во врска со јавното барање на министерот да се излезе со имињата и презимињата на осомничените, побаравме од Основното обвинителство од каде апелираа политичарите да се воздржат и да не профитираат од овој чувствителен случај за политички цели.

„Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да наштети на постапката. Јавните обвинители работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови. Јавното обвинителство апелира политичарите да се воздржат од употреба на овој чувствителен предмет во политички цели“, велат од ОЈО.

реклама

Освен предистражната постапка на Обвинителството, за скандалот на Онкологија минатата недела заврши сослушувањето на сведоците од Собраниската анкетна комисија. Главниот обвинител Љубомир Јовески соопшти дека случајот се разгледува темелно и дека вистината ќе излезе на виделина, но поради истрагата, при исказот пред пратениците, не откри детали.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судскиот совет на „тапет“ од ЕК – сериозна загриженост за надворешно влијание во работата

Следно

СВР Велес со детали за сообраќајката на патот Велес – с. Извор во која се повредени 16 лица

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност
Go toTop