Меџити: Абдуш Демири е кандидат на албанската опозиција за член на ДИК

November 7, 2023
1 min read

реклама


Претседателот на Демократско движење, Изет Меџити во вечерашната „Топ Тема“ на телевизија „Телма“ рече дека Абдуш Демири е кандидатот на aлбанскиот опозициски блок „Европски сојуз за промена“ за член на Државната изборна комисија (ДИК).

Според Меџити, нивниот кандидат ги исполнува условите и ќе се пријави на огласот. Тоа место во ДИК, вели Меџити, мора што поскоро да се пополни за, како што рече, да сопрат шпекулациите дека Владата подготвува нефер избори.

реклама

-Самиот факт дека ќе се барало мислење од комисија во Собранието за да се утврди на кого му припаѓа тоа место, значи дека се подготвува некое сценарио, рече Меџити, додавајќи дека целта е тие да бидат надвор од медиумската кампања и да немаат членови во изборните комисии.

По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК кое треба да биде пополнето со претставник од опозицијата.

реклама

Демири, кој е член на Движењето Беса, во 2020 година беше назначен за директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Во Сопот отстранета плочата со картата на „голема Албанија“

Следно

Облачно со повремен дожд

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop