Меџити: 24 години по Охридскиот договор – од мир до нова визија за државата

August 13, 2025
1 min read

„Денес, 24 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, не одбележуваме само крај на еден конфликт, туку визија врз која се гради современата држава за сите граѓани,“ изјави првиот вицепремиер Изет Меџити на свечената владина седница.

Тој истакна дека Охридскиот договор поставил темели за нов пристап во изградбата на државата, заснован на еднаквост, инклузивност и почитување на правата како клучни елементи на демократското функционирање. „Нашите владини политики се водат токму од овој дух – да создадеме држава што му служи на секој граѓанин, без разлика на етничка, верска или политичка припадност,“ рече Меџити.

Тој додаде дека договорот не бил само мировен документ, туку основа за низа реформи и политики кои ги трансформирале институциите од затворени структури во отворени, достапни и репрезентативни механизми.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повредени 15 пожарникари: Цела ноќ се водеше битка со огнените јазици во повеќе делови на Грција

Следно

Почина оперската примадона Милка Ефтимова

Latest from Blog

ЗА ПРВ ПАТ СИТЕ ДЕТАЛИ ОД ПОЖАРОТ ВО КРАН МОНТАНА: Обвинети за “Убиство од небрежност!“

Сопствениците на швајцарски бар каде што 40 лица ги загубија животите во пожар на новогодишната ноќ раскажаа како келнерка за која верувале дека е „поќерка“ се задушила „во куп тела зад заклучена

Ретрограден Меркур во 2026: Три клучни датуми што можат да донесат хаос или можност

Ако мислевте дека изгубените клучеви, погрешно испратените пораки и техничките неуспеси се минато, астролозите имаат вести за вас. Годината 2026 носи три интензивни ретроградни циклуси на Меркур што ќе ја тестираат вашата
Go toTop