Меџити: 1 милион евра инвестиција за нова инфраструктура во Чаир

August 27, 2025
1 min read

Изет Меџити, првиот вицепремиер, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат за градоначалник на општина Чаир, денеска информира дека во населбата Саат-Кула се реализира еден од најголемите инфраструктурни проекти во општината, со инвестициски износ од 1 милион €. Проектот ќе ги подобри условите за живот на над 2.000 жители.

Во рамки на проектот се заменуваат старите азбестни цевки, со цел обезбедување чиста вода и функционален канализационен систем. Работите се изведуваат на девет улици, во дел од градот кој со години беше запоставен.

 

 

Меџити посочи дека само оваа година преку Министерството за животна средина се реализирани инвестиции од над 12 милиони €, без да се вклучат дополнителните 60 милиони € за Универзитетот „Мајка Тереза“ и централниот паркинг.

„Ги реализираме нашите ветувања и вложуваме во подобрување на животот на граѓаните на Чаир“, изјави Меџити.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска одликува 13 рудари по повод Денот на рударите

Следно

Цеца ќе пее во Крива Паланка (Македонија) и во Велес (Северна)

Latest from Blog

УБАВИНА БЕЗ ФИЛТЕР: Зошто природниот изглед се враќа, по години перфекционизам

Уморни сме од совршенството што не постои – и конечно ја избираме автентичноста пред илузијата. Со години гледаме лица без пори, тела без несовршености и животи без грешки. Филтрите станаа вообичаени, а

Муцунски: Делегацијата во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за развивање на домашната економија

Министерот за надворешна работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва истакна дека македонската владина делегација на Светскиот економски форум во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за
Go toTop