Божиновска одликува 13 рудари по повод Денот на рударите

August 27, 2025
1 min read

Скопје, 27 август 2025 – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска додели признанија на 13 рудари од различни рудници низ земјата по повод Денот на рударите. Меѓу нив се Страшо Маневски од РЕК Битола, Златко Пажески од рудникот „Сивец“ во Прилеп, како и Драгољуб Димитровски, Дарко Велиновски, Тони Ѓоргиев, Шериф Алиу, Аце Маневски, Зоран Стојчев, Бранко Ѓоргиев, Сашо Тренчески, Сашо Гиланов и други.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, порача дека рударите се „темелот на економијата“ и дека државата има должност да им обезбеди подобри услови, поголема безбедност и современа опрема. Таа истакна дека во рударството нема компромис со законот и потсети на засилените инспекциски контроли, при што во последните години се одземени 45 концесии поради непочитување на правилата.

„Државата ќе ги поддржи сите компании што инвестираат во безбедноста на рударите, се грижат за животната средина и за локалните заедници. За оние што мислат дека Македонија е место каде правилата не важат – времето на компромиси заврши. Законот важи за сите“, подвлече Божиновска.

 

Со доделувањето на признанијата, Министерството испрати порака дека рударството ќе остане силен и одржлив столб на македонската економија, со врвен приоритет секој рудар да биде безбеден и горд кога се враќа дома.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожар во градинка во Белград, евакуирани децата

Следно

Меџити: 1 милион евра инвестиција за нова инфраструктура во Чаир

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop