Мечките ја „освоија“ Жировница, како во полициски час жителите се затворени дома во вечерните часови

October 7, 2023
2 mins read

реклама

Жителите на Жировница, општина Маврово Ростуше секојдневно се преплашени од мечки. Тие се соочуваат со овие глетки секој ден. Екипата на ТВ21 беше таму да ги слушне приказните на жителите. Ова е имамот на селската џамија, кој се соочи со мечка за време на утринската молитва.

-Се соочив со мечката и тоа кога излегував во времето на утринската молитва околу 9:30 часот. Кога излегов од вратата, таа беше таму кај корпата, и јас ја фатив вратата со раката, а кога ја отворив вратата, таа излезе од корпата и ме гледаше. Се вратив со секирата и кога излегов таа избега, ја стигнав на аголот и ја удрив со секирата. Потоа едно куче ја избрка. Опасноста е многу голема и секој ден пред да падне ноќ ги има долу во сите маала, овде две-три, таму уште една. Ноќите ги имам минувано во планина 30 години, дали сум видел мечки два-три пати, сега ги гледам секоја вечер, опасно е за време на утринската и вечерната молитва-вели Ариф Спахиу, имам на џамијата.

реклама

Постарите кои не можат да избегаат се чувствуваат повеќе изложени на ризик. Револтирани се зошто државата не презема мерки.

-Децата што ги одгледавме ги испративме во странство. Се плашиме и не спиеме, секоја вечер, шетаат ваму-таму, стари луѓе сме, не можеме ни да излеземе да ги повикаме комшиите, се плашиме. Беше кафеава и требало да ја заштитиме, што сме ние, кој е повреден, луѓето или животните? Кога ќе се гласа, нека ги соберат мечките, нека гласаат, ние не гласаме, нека знаат јавно-вели Худија Делиу.

-Некој во парламентот рече дека тие треба да бидат заштитени и ние да бидеме заштитени. Од пет, шест часот вратите се затворени. Децата се затворени, се плашат да излезат, да преземат мерки, вака не бива, да одземе животи или деца тогаш џабе е. Овде го зема медот, ние не сме јаделе мед туку мечката-изјви Ќамиле Салиху.

реклама

Џеват Кокули е еден од најоштетените во селото, мечките го изеле добитокот, а и кошниците со пчели, бара штетата да се надомести, додека духовната штета за него е ненадоместлива.

-Револтот е многу голем, поим немате како живееме, толку е тешко што не можеме секоја вечер да излегуваме, секоја вечер стражарам, секој ден ги испраќам децата и ги земам од училиште, ниедна институција не презела мерки, ние размислуваме да ги бојкотираме изборите, еден од најоштетените сум јас, од 70 купени кошници со пчели, немам ниедна, секаде сум се жалел, ме шетаат по институции, само еден случај досега е решен, другиот не, не знам колку овци, колку кози, колку кокошки и три крави. Не знам што да ви кажам, потешко им е на оние што им влегле дома, бидејќи два дена не можеа да зборуваат-вели Џеват Кокули.

реклама

Мечката влегла во куќата на Мустафа. Тој се врати од Германија за да ја види штетата.

-Моите пријатели ми кажуваат дека мечката влегла во куќата и не знаеме каква штета направила. За моја среќа и на семејството, авионот беше брз и дојдовме и видовме дека има голема штета и чекаме некој да дојде да види и да даде информации-рече Мустафа.

Поранешниот пратеник Љатиф Пајковски, жител на Жировница, вели дека Владата презела мерки кои не даваат резултати.

-Мечките влегоа во селото во месеците кога сите беа тука, членовите на семејството, нашите внуци. Се вратија истрауматизирани, исплашени од помислата дека никогаш нема да се вратат, а јас имам внуци и секој ден ми се јавуваат прашувајќи дали има уште мечки. Зарем оваа власт нема поим што се случува во националниот парк Маврово? Директорот на Центарот за управување со кризи иако беше тука и ја согледа ситуацијата и многу коректно ја испрати информацијата до Владата, Владата презема мерки кои нема да дадат никаков резултат-изјави Пајтковски.

За овие жители после 19 часот е како полициски час.

-ПО ОВИЕ УЛИЧКИ ПО 19 ЧАСОТ ШЕТААТ САМО МЕЧКИ, ДОДЕКА ЖИТЕЛИТЕ ОД СТРАВ СЕ ЗАТВОРЕНИ ВО ДОМОВИТЕ-вели репортерот на ТВ21, Сенат Зилбехари.

Жителите секојдневно се будат со страв дека некој нивни соселанец настрадал од мечки.

реклама

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Реал Мадрид ќе отвори тематски парк во Дубаи

Следно

И Ковачевски на „Твитер“ го осуди нападот врз Израел: Насилството врз недолжно население не смее да се толерира

Latest from Blog

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат

САД: Странските терористи во Сирија мора да ја напуштат земјата

ВАШИНГТОН (АА) – Вршителот на должноста државен потсекретар за политички прашања, Џон Бас, кој имаше средби во Анкара, рече дека ги разбираат безбедносните грижи на Туркије и дека странските терористи во Сирија

Не помина ни интерпелацијата за Исени

Вечерва во Собранието се гласаше за интерпелацијата на заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени. Истата не е помина бидејќи 4 пратеници гласаа за, додека пак 62 гласаа против. Интерпелацијата ја поднесе
Go toTop