Мечка нападнала дански турист на Шар Планина

March 5, 2024
1 min read

Мечка денеска нападнала дански турист, кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. „фри рајд“ скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка. 

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), нападот се случил околу 10.45 часот во месноста Јелак на Шар Планина.

– Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон Тетовската болница, каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите, соопшти ЦУК.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов се упатил кон Попова Шапка од каде, како што се наведува, ќе даде видео изјава со детали за нападот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Завршија преговорите за прекин на огнот во Газа, нема договор меѓу Израел и Хамас

Следно

Движењето ЗНАМ: Власта турка енергетски закони кои ќе ја оштетат државата за најмалку 1,2 милијарди евра

Latest from Blog

Go toTop