Мбапе се повреди, го пропушта Интерконтиненталниот куп

December 12, 2024
1 min read

Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се повреди и ќе отсуствува од терените на неодредено време, соопшти денеска шпанскиот клуб. Асот на гигантите од Мадрид се повреди на натпреварот со Атланта во Лигата на шампионите, па ја напушти играта во првото полувреме и не се врати на теренот.

Неколку дена се шпекулираше дека Французинот е повреден, а денеска стигна потврда од Реал. Иако во соопштението од Мадрид не се наведува степенот на повредата на напаѓачот, се шпекулира дека се работи за нешто полесен случај, додека шпанските медиуми наведуваат дека тој ќе биде надвор од тренинг процесот најмалку 10 дена.

Инаку, Реал без целосна помош на Мбапе ја совлада Аталанта во Бергамо со 3:2. Францускиот напаѓач сезонава одигра 22 натпревари на кои постигна 12 гола.

Тој ќе го пропушти гостувањето во Рајо Ваљекано во шпанското првенство, како и Интерконтиненталниот куп кој е закажан за следната недела.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот државен секретар Блинкен пристигна во Туркије на разговори за Сирија и Газа

Следно

Претседателот Ердоган на аеродромот Есенбога го прими американскиот државен секретар Ентони Блинкен

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop