Мбапе најплатен фудбалер во француското првенство

March 30, 2023
1 min read

Килијан Мбапе е најдобро платен фудбалер во француската Лига 1 и еден од најплатените спортисти во светски рамки, со шест милиони евра бруто приход месечно, објави денеска спортскиот весник „Л‘ Екип“.

Мбапе, кој со Франција ја освои титулата светски првак во 2018 година, е меѓу Топ 3 најплатени фудбалери, заедно со неговите соиграчи од ПСЖ, Бразилецот Нејмар (3.675 милиони евра) и Аргентинецот Лионел Меси (3.375 милиони евра).

Актуелниот француски првак ПСЖ ги монополизира првите десет места на листата која секоја пролет ја утврдува „Л‘ Екип“.

Според весникот, просечната бруто-плата во ПСЖ надминува еден милион евра (1.017 милиони евра).

Единствените двајца фудбалери, кои не се членови на ПСЖ, а имаат плати меѓу првите 16 играчи во француското првенство се Висам Бен Једер од Монако (650.000 евра) и Жордан Верету од Марсеј (550.000 евра).

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лавров на 6 и 7 април во посета на Туркије

Следно

Во Црна Гора просечната нето плата во февруари 771, а бруто 958 евра

Latest from Blog

Таравари: На располагање сме како министерство да помогнеме на сите акции за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравството

Како Министерство за здравство стоиме на располагање за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравство, порача денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, кој во при посетата на Кумановската болница одговараше на

Велика Британија укина санкции против сириски министерства и разузнавачки агенции

ЛОНДОН (АА) – Велика Британија објави дека ги укинува санкциите против повеќе сириски министерства и разузнавачки агенции, според соопштението на британското Министерство за финансии објавено денес, јавува Анадолу. Во обновената листа на

Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август

На денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши најави дека локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август. Тој додаде дека е побарана јавна расправа

Битола го одбележува Меѓународниот ден на џезот

Младинскиот културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот ќе организира концерт во живо на Филип Динев Трио во среда на 30 април 2025 година со почеток во 22.00
Go toTop