Матип става крај на кариерата

October 11, 2024
1 min read

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и Шалке 04, Жоел Матип одлучи да стави крај на кариерата.

Централниот дефанзивец допрва треба да даде официјална изјава, но според германски „Рур Нахрихтен“, Шалке 04 му пристапиле со идеја да се врати во тимот од Гелзенкирхен. Сепак, Матип соопштил пред клупското раководство дека решил да стави крај на кариерата иако има само 33 години.

Поранешниот камерунски репрезентативец го напушти Ливерпул летото откако му истече договорот со „црвените“. Тој помина осум сезони на „Енфилд“, забележа 201 настап, постигна 11 гола и освои седум почести, вклучувајќи ги и трофеите во Лигата на шампионите и Премиер лигата.

Тој беше поврзуван со Бурнемаут и Саутемптон, како и со Баер Леверкузен, но така и не најде нов тим пред почетокот на сезоната.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Велешка „Питијада 2024“ е настан кој ја прославува богатата култура и гастрономија

Следно

Боксерите ги стартуваат своите настапи на ЕП во Софија

Latest from Blog

Средба на Димитриеска-Кочоска со ММФ: Економијата со стабилен раст и јасна фискална рамка

18 март 2026, Скопје – Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средбa со претставници на Меѓународниот монетарен фонд на коja беа презентирани најновите макроекономски остварувања и фискални политики, како и проекциите за наредниот период.

Израел ја нападна најголемата иранска инфраструктура за гас (ВИДЕО)

Според него, целта на нападот била најголемата иранска фабрика за преработка на гас во покраината Бушер, објави „Тајмс оф Израел“. Реакција на Иран Иранската државна телевизија, исто така, објави за нападот. „Пред

Средба на Сиљановска-Давкова со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на која, како што информира нејзиниот Кабинет, се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како
Go toTop