На фестивалот „Преку езерото“ денеска програмските содржини започнаа со мастерклас на режисерот Милад Тангшир, чиј филм „Било каде и било кога“ ќе биде прикажан вечерва во рамките на долгометражната селекција на фестивалот. Тангшир пред присутните говореше за можноста какво е чувството да се добие можност да се сними филм како доселеник во Европа и со нив сподели лични искуства.
-Немам родна куќа во моментов, Не се чувствувам дома повеќе ниту во Иран, ниту во Италија и барам трето место. Комплицирано е да си режисер со чудно име во Италија. Не живеам во Рим каде е центарот на филмската индустрија, туку во Торино. Таму завршив филмска школа и моето филмско раскажување е резултат токму на таа школа. Она што вечерва ќе го видите во филмот е она што јас го гледам во Торино, а за жителите тоа е невидливо. Ништо не е измислено во филмот, се е вистински настан и сфатив дека додека работам, особено на документарните филмови, јас сум само некој што е набљудувач и не смеам и не треба да интервенирам. Голема привилегија е да се има можност да се документира Торино, рече меѓудругото Тангшир.
Тангшир е режисер и поранешен музичар роден во Иран. Роден во Техеран, ја започнал својата уметничка кариера како член на иранската рок-група „Ахора“, со која издал три албуми во текот на 2000-тите. Во 2011 година, Тангшир се преселил во Италија за да продолжи студии по кинематографија на Универзитетот во Торино. Неговите рани кратки филмови, како што се „Раселени“ (2016), кој го истражува балканскиот имиграциски пат, и „13 секунди“ (2018), размислување за последиците од иранскиот земјотрес, беа прикажани и наградени на разни меѓународни фестивали.
Неговиот краток филм за виртуелна реалност „VR Free“ (2019), снимен во затвор во Торино, беше избран за натпревар и на 76-от Филмски фестивал во Венеција и на 42-от Филмски фестивал Санденс. Истата година, неговиот документарец „Ѕвездени работи“ – снимен во Чиле, Јужна Африка и Канарските Острови – премиерно беше прикажан на 37-от Филмски фестивал во Торино.
Тангшир го имаше своето деби наративниот долгометражен филм „Секаде, во секое време“ (2024), кој беше селектиран за Неделата на критичарите на 81-от Филмски фестивал во Венеција и 42-от Меѓународен филмски фестивал во Торонто.
Вечерва во долгометражната селекција ќе биде прокажан филмот „БИЛОКАДЕ И БИЛОКОГА“ во режија на Милад Тангшир, (Италија), а по проекцијата присутните ќе може да проследат разговор со режисерот.
ИЗВОР: racin.mk