Маск ја повлече тужбата против „Опен-АИ“, откако објавија негови пишани пораки

June 12, 2024
1 min read

Mилијардерот и сопственик на социјалната мрежа „X“ и компаниите „Тесла“, „Старлинк“ и „Спејс-Икс“, Илон Маск ја повлече тужбата против технолошката фирма „Опен-АИ“.

Маск ја тужеше „Опен-АИ“, каде што тој беше еден од основачите, бидејќи оваа фирма почна да наплаќа за одредени услуги, иако тоа „не требаше да биде мотивирано од профит“, како што тврди милијардерот. Од друга страна, адвокатите на „Опен-АИ“ побараа да се отфрли тужбата, а меѓу доказите доставија и мејлови испратени од Илон Маск додека тој сѐ уште бил активен во таа компанија.

Во преписката, Маск вели дека дел од услугите мора да се наплатат за „финансирање на истражување и развој“, што е сосема спротивно од она за што тој ја поднел тужбата.

Инаку, „Опен-АИ“ е основана во 2015 година, а меѓу основачите беше и Маск. Тој ја напушти компанијата во 2018 година, наведувајќи ја програмата за вештачка интелигенција на „Тесла“ како причина, каде што потенцијално би имало конфликт на интереси.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ќе преживеам“ – прв дует на Тара и Димитар

Следно

Мајската инфлација во Албанија 2,2 отсто

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop