Марта Кос ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан во Скопје за Планот на ЕУ за раст за регионот

June 28, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе се сретне со лидерите на земјите од Западниот Балкан в понеделник и вторник во Скопје, со цел забрзување на напорите за спроведувањето на Планот на ЕУ за раст за регионот, известува Анадолу.

Европската комисија објави дека на средбата со еврокомесарката Кос во Скопје ќе се присуствуваат премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.

Во соопштението се истакнува дека Планот за раст за Западниот Балкан нуди придобивки за шесте земји кои се подготвуваат за членство во ЕУ. На состанокот се очекува да биде разгледан напредокот и да се дискутира за чекорите што треба да се преземат за негово спроведување.

Комесарката Кос ќе работи со лидери за претворање на обврските во акција, при што ќе се фокусираат на критичните реформи за ослободување на средствата во рамките на Планот за раст и за обезбедување видливи придобивки за граѓаните на земјите кандидати уште пред зачленувањето (во ЕУ).

Како дел од дискусиите ќе стане збор и за инвестициски пакет од 87,7 милиони евра во рамките на постојната Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ). Се очекува овој пакет да привлече речиси половина милијарда евра приватни инвестиции во проекти за чиста енергија низ целиот регион.

Планот за раст на Западниот Балкан, кој го промовираше Европската комисија во октомври 2023 година, има за цел да го поттикне економскиот раст на регионот и да им помогне на западнобалканските земји да се приклучат кон ЕУ.

Со овој план се предвидуваат средства од шест милијарди евра за финансирање на реформи и инвестиции во различни области, како што се енергетика, транспорт и дигитална трансформација. Со овие средства, кои ќе се исплаќаат во форма на грантови и позајмици под поволни услови, се планира зголемување на просперитетот и стабилноста на регионот на Западниот Балкан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Предавството од 2021 ќе се исправи – ДУИ: Одговорност за тие што ја поткопуваат еднаквоста и меѓуетничките односи

Следно

(ВИДЕО) Тежок судир на трката во Формула 2

Latest from Blog

Зачинот што сите го имаме дома не е само за колачи: МОЖЕ ДА ЈА ЗГОЛЕМИ СЕКСУАЛНАТА ЕНЕРГИЈА

Циметот, еден од најчесто користените зачини во кујната, одамна е познат по своите здравствени придобивки. Но, нови истражувања покажуваат дека овој мирислив зачин може да има позитивно влијание и врз сексуалната енергија

ПРЕСВРТ НА ФРАНЦИЈА – ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА Црна Гора, ќе ги затвори сите 5 поглавја

Шансите Црна Гора да ги затвори сите пет планирани поглавја во вторник значително се зголемија, по интензивните дипломатски активности меѓу претставниците на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) кои се залагаат за што

Енергетската заедница: Македонија со силен реформски напредок во 2025 година

Македонија заедно со Србија и Молдавија бележат најголем реформски моментум, регистрира Енергетската заедница за сработеното во 2025 година кога енергетиката е во прашање. Во најновиот Годишен извештај на Енергетска заедница во кој се мониторира
Go toTop