Марковска Илиевска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ има решение за загадениот воздух, главно е изградба на когенеративна централа во Скопје за проширување на топловодната мрежа

November 21, 2024
1 min read

Седум години СДС потроши над 25 милијарди евра преку буџетот, а не инвестираше ниту едно евро за подобрување на животната средина и намалување на загадување воздухот. Скопје со денови се гуши и е на врвот на листата на градови со најзагаден воздух во светот. Граѓаните со право се револтирани. Затоа што болниците се полни со пациенти како последица на загадениот воздух, истакна Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.

-Во изминативе децении проблемот се напластувал, а решение имало многу малку. Ова особено е случај со последните седум години кога не е преземено ништо во однос на тоа.

Потребен е системски пристап за намалување на загадувањето кој ќе вроди со плод на среден рок. Владата на ВМРО-ДПМНЕ има план од неколку столбови, меѓу кои најглавна е целосна гасификација на земјата. И изградба на когенеративна централа во Скопје со цел проширување на топловодната мрежа. Во делови од градот коишто користат други горива за загревање на домовите, а кои се причинител од над 60% за загадениот воздух.

Со изградбата на когенеративната централа во голема мера ќе се намали загадувањето, а со целосна гасификација и на индустриски објекти процентот на загаденост уште повеќе ќе се намали.

Владата во наредниот период планира и големи акции за пошумување и други мерки кои на долг рок ќе ја подобрат животната средина.

ВМРО-ДПМНЕ покажува како се работи и како одговорно се постапува со животната средина и намалувањето на загадувањето, потенцира Марковска Илиевска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешниот министер Весиќ меѓу 11-те уапсени за трагедијата во Нови Сад

Следно

Додека скопјани мрзнеа на автобуските и дишеа загаден август, Арсовска била на семинар во Бразил

Latest from Blog

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Омерагиќ: ЛЕД екран долг 210 метри ја модернизира националната арена

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски

Меџити: Континуирана поддршка од ЕУ за евроинтеграцијата на Македонија

Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, Изет Меџити, денес оствари средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач на Европскиот парламент, во рамките на континуираниот дијалог со

Проданоски: Прилеп подготвен за нови турски инвестиции и соработка

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со турскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој и со Ајдован Адемоски, претседател на МАТТО – Македонско-турската стопанска комора и почесен конзул на
Go toTop