Марјан Ѓорчев во Отворено: Извештајот говори и дека уставните измени треба да се спроведат

June 24, 2025
1 min read

Поранешниот пратеник Марјан Ѓорчев во Отворено рече дека изјавата дека македонискиот јазик е цементиран не е точна.

Според него за да македонскиот стане официјален јазик во ЕУ треба да биде објавен во кластерот 34.

„Водечката партија согалсно своите определби продолжи по патот и бара гаранции од Бугарија и се дојде до тоа дека ние не сме сигурни дека треба потврда. Изјавата дека Македонискот јазик е цементиран не е така. Македонскиот јазик ќе стане официјален јазик во ЕУ тогаш кога во кластерот 34 ќе биде обајвен како официјален и за тоа имаме пречка со едностраната изјава на Бугарија“, рече Ѓорчев.

Тој објасни и дека во извештајот стои и дека уставните измени треба да се спроведат.

„Европскиот парламент не тело кое потврдува иднетитет и јазик но тие европски вредности кои ги има ЕУ, треба да каже дека за идентитет и јазик не се дискутира. Кога зборуваме за вредности ова се вредности и ние сакаме да покажеме дека се бориме за европска вредност. Со ова докажваме дека местото ни во ЕУ. Во извештајот се говори и за обврски, дека уставните измени треба да се случат“, додаде Ѓорчев.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот Ердоган се сретна со американскиот претседател Трамп

Следно

Новак Ѓоковиќ сака да се пресели во Грција

Latest from Blog

Божиновска: Со Бугарија отвораме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Белград оствари билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова, во рамки на Вториот министерски самит на Македонија, Бугарија, Грција и
Go toTop