Марин Ле Пен би добила најмногу гласови во првиот круг од претседателски избори доколку тие се оддржат неделава

December 11, 2024
1 min read

Доколку претседателските избори во Франција се одржат оваа недела, кандидатката на екстремно десничарската партија „Национален собир“, Марин Ле Пен би добила најмногу гласови во првиот круг.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од агенцијата за истражување на јавното мислење Ифоп за „Фигаро“ и Радио Суд.

„Рејтингот на Марин Ле Пен се зголеми за два поени во однос на истата анкета во септември, тој е речиси на нивото на Франсоа Митеран во 1974 година“, изјави Фредерик Диби, генерален директор на Ифоп, пренесе „Фигаро“.

Според истражувањето, објавено денеска, Ле Пен, би добила 38 отсто од гласовите, додека Габриел Атал како кандидат на центристичките партии би освоил 20 отсто од гласовите. гласовите.

„Во случај Ле Пен да ги вкрсти копјата со актуелниот градоначалник на Авра, Едуар Филип, кој најави дека ќе се кандидира за претседател, разликата ќе биде помала: Ле Пен би добила 36 отсто од гласовите, а поранешниот премиер Филип 25 отсто од гласовите“, се наведува во истражувањето.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали намалените коефициенти ќе значат и намалени плати за функционерите?

Следно

По три години правна битка: Сали Бериша запишан во судскиот регистар како претседател на Демократската партија

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop