Маричиќ: Сериозно треба да се разгледа предлог-законот за амнестија

October 2, 2023
1 min read

реклама

Ние имавме таков закон и во 2018 година и се додека целта на тој закон е оние коишто се казнети со помали казни, или оние коишто веќе издржале голем дел од својата казна, да можат да бидат ослободени мислам дека сериозно треба да се разгледа, бидејќи знаеме дека тоа е еден од начините како да се растоварат затворите. Но, и не само тоа, како да се направи казнената политика и подинамична и посоодветна, бидејќи навистина сега како што е можеби е во некои делови престрога, одговори денеска вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, на новинарско прашање во врска со Законот за амнестија.

Тој истакна дека било најавено и повторно отворање, односно приложување на оној целосен нов Кривичен законик и додаде дека треба пообјективно да ги гледаме овие работи.

реклама

–  Бидејќи сме имале еднаш таков закон, целта е исполнета, а тоа е тие што се со мали затворски казни до шест месеци или оние коишто одлежале најголем дел од казните да имаат можност да излезат порано, нагласи Маричиќ.  

Вицепремиерот на прашањето зошто тој не е дел од  стратешкиот тим за евроинтеграции на СДСМ, одговори дека тоа е стратешки тим за градење стратегија на партијата, не е специфично за евроинтеграции.

реклама

– Да, јас учествувам во други тела на партијата, тоа е така договорено, јас сум се согласил со тоа и секој во партијата има свои задачи, така што давам целосна поддршка на работата на тоа стратешко тело, рече Маричиќ.

На новинарското прашање дали постојат сознанија каква е бугарската реакција на барањето во француско-германскиот предлог за укинување на ветото во процесот на евроинтеграција, Маричиќ истакна дека нема официјална реакција, но, како што вели,  сигурен е дека кога ќе дојдат тие теми да се дискутираат ќе има држави, не само Бугарија и други, кои ќе имаат забелешка на тој начин на менување на принципот на едногласност во делот на проширувањето.

реклама

– Но, тоа е борба која што ние не треба да ја биеме, тоа е битка внатре во ЕУ. Ние треба да се погрижиме во моментот кога ќе дојде времето да се носи одлука за наше членство во ЕУ никој да нема против. Тоа ни е многу важно, нагласи вицепремиерот за европски прашања. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државна лотарија, во целост ги почитува одредбите на Законот за игрите на среќа и целокупната законска регулатива

Следно

Краткометражниот филм „Мавера” вечерва премиерно и на „Ѕирни”

Latest from Blog

Петрушевски: Со злоупотреба на службена положба преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање
Go toTop