Маричиќ: Не очекувам нови блокади од Бугарија по уставните измени

October 2, 2023
2 mins read

реклама

Сите наши обврски со Бугарија се напишани на хартија и се вградени или во Преговарачката рамка  или во заклучоците кои ги имаме од Советот на ЕУ од минатата година, така што она што можеме да го очекуваме е предвиливо, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, кој потенцира дека не очекува нови блокади од Бугарија по уставните измени.

Тој одговараше на новинарски прашања по потпишувањето на финансиската спогодба за ИПАРД 3, а ова го одговори на прашањето да даде коментар на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) истакна дека Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ, но и дека е сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања. 

реклама

Маричиќ денеска рече дека не знае што кажал Османи, но напомена дека она што ќе се случува по уставните измени е извесно. 

-Прво знаеме дека по завршувањето на уставните измени, автоматски треба да се свика втората Меѓувладина конференција и за тоа имаме цврсто уверување и од шпанското претседателство и од наредните… Секоја држава-членка во текот на преговорите може повеќе пати да отвори прашање, но мислам дека по завршувањето на уставните измени веќе никој, а особено Бугарија, нема да има кредибилитет да прават каква било блокада, бидејќи сметам дека беа доволно блокади, рече Маричиќ.

реклама

Прашан дали има сознанија за тоа каква е бугарската реакција на барањето во француско-германскиот предлог за укинување на тргнување на  ветото во процесот, вели дека засега нема официјална реакција.

-Нема официјална реакција, но сигурен сум дека кога ќе дојдат тие теми да се дискутираат ќе има држави, не само Бугарија и други коишто ќе имаат забелешка на тој начин на менување на принципот, на едногласност во делот на проширувањето. Но, тоа е борба која што ние не треба да ја биеме, тоа е битка внатре во ЕУ. Ние треба да се погрижиме во моментот кога ќе дојде времето да се носи одлука за наше членство во ЕУ никој да нема против. Тоа ни е многу важно, нагласи Маричиќ. 

реклама

Во однос на можноста забелешките во извештајот на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ), а кои во еден дел се однесуваат на правата на граѓани на Северна Македонија кои се самоидентификуваат како Бугари и дали е можно тие да бидат внесени во Акцискиот план, Маричиќ нагласи дека  ЕКРИ е тело на Советот на Европа и оти Европската комисија се уште не објавила извештај.

-Ние го имаме скрининг извештајот, кој е усвоен од земјите-членки и очекуваме да добиеме покана за споделување, односно доставување на тие патокази. Ние не чекаме тоа да се случи, паралелно работиме на изготвување тие патокази, имавме два круга консултации со институциите и два круга консултации со граѓанските организации. Кога ќе добиеме формална официјална покана за доставување на патоказите ќе имаме формални консултации со граѓанските организации, а планираме и најмалку една сесија во Собранието, секако зависно како ќе одлучи Собранието да ја изврши консултацијата, дали преку Националниот совет за европски интеграции или преку Комисијата за европски прашања или на заедничка седница, оставаме простор предлог дадат собраниските тела и Собранието. Имаме и експертски тимови во МНР еден работи на Акцискиот план, другите се водени во СЕП, рече Маричиќ.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британската Влада планира да ја забрани употребата на мобилни телефони во училиштата

Следно

Пацинетка алармира дека остана без лек, од Онкологија ѝ вратија да не крева паника

Latest from Blog

Петрушевски: Со злоупотреба на службена положба преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање
Go toTop