Маричиќ: Италија е голем поддржувач на Северна Македонија на патот кон ЕУ

March 1, 2024
1 min read

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска и утре е во официјална посета на Рим, Италија. 

Како што информира СЕП, Маричиќ ќе оствари повеќе средби со претставници од Италијанската влада.

Маричиќ се сретна со заменик-министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија Едмондо Чириели. 

– На средбата со заменик-министерот Чириели беа зацврстени и потврдени ставовите на Италија и поддршката која ја добиваме како држава кандидат за полноправно членство во ЕУ, се вели во соопштението.

Маричиќ искажа благодарност кон Италија, која, како што се наведува, е една од државите со која чувствуваме поврзаност, културна, цивилизациска и пријателска и со која стратешки можеме да ги планираме следните чекори за пристап кон европското семејство. 

– На средбата беше истакната важноста за Планот за раст за Западен Балкан со кој Европската Унија подава рака на земјите кандидати од регионот за забрзан пристап со што државата ќе има суштинско вклучување во дел од единствениот пазар на ЕУ, стои во соопштението.

Учесниците се сложија дека приклучувањето и интергацијата на Северна Македонија и Западен Балкан е од големо значење за ЕУ, за регионот, како и е од полза за сите граѓани од Западен Балкан. Најголемите придобивки се гледаат во мобилноста на младите, како и отворени можности за компаниите и социо-економскиот развој.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Убивањето недолжни цивили е доказ дека Израел има цел свесно уништување на палестинскиот народ“, објави турското МНР

Следно

Приведен разбојник од Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop