Маричиќ: Членството во ЕУ до 2030 година бара мобилизација и активно ангажирање на целокупното општество

November 1, 2023
1 min read

реклама


Вицепремиерот Бојан Маричиќ денеска на средба организирана од Македонско-Американската асоцијација на алумни, ја истакнал важноста од вклучување на високо квалификуваните кадри во сите области од општеството,што се голем придонес за државата, информираа од СЕП.

Тој потенцирал дека е потребно да се најде начин како тие да се вклучат во делот на реформите според поглавјата од преговарачкиот процес. 

реклама

Маричиќ посочил дека е потребно да се воспостави рамка на соработка со алумни асоцијацијата, чиј капацитет се важен ресурс во моменти на важни одлуки и процеси на водење на државата. 

Во обраќањето, се наведува во соопштението од СЕП, Маричиќ ја потенцирал важноста на соработката со сите стратешки партнери, односно важноста на стратешкиот дијалог помеѓу САД и Северна Македонија, со кој се  реафирмираат заедничките заложби за зајакнување на соработката и значајната поддршка за нашиот евроинтегративен процес.

реклама

– Беше посочено дека процесот на пристапување до ЕУ бара мобилизација и активно ангажирање на целовкупното општество, особено квалификуваните и искусни професионалци. На средбата беше истакнато дека заеднички можеме да ги навигираме реформските процеси кои ќе го обликуваат патот кон ЕУ, усогласувајќи ги политиките и институциите по европски стандарди, подготвувајќи нè за полноправно членство во ЕУ, информираат од СЕП. 

Вицепремиерот Маричиќ порачал дека потребно е да се покаже силна волја, одлучна акција, реален оптимизам и визија за државата и општеството. 

реклама

– Поседувајќи ги сите овие елементи, потребно е да работиме заеднички и убеден сум дека ќе го оствариме стратешкиот план за приклучување во ЕУ до 2030 година, рекол маричиќ, се наведува во соопштението од СЕП.

Средбата ја модерирала амбасадорката на САД Анџела Агелер, а се обратиле и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелските напади врз Газа загинаа 8.796 лица, од кои 3.648 деца

Следно

ТИКА со поддршка за одгледувачите на јагоди во Северна Македонија

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop