МАНУ го поддржа и поздрави предлогот на премиерот Мицкоски за стратегија за развој на Македонија до 2050-та

October 24, 2024
1 min read

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е подготвена и има капацитет заедно со универзитетските професори и научната заедница за изработка на заедничка стратегија за развој на Македонија до 2050 година.

Највисоката научна институција во Македонија со отворени раце ја прифати и во целост ја поддржува заложбата на претседателот на Владата, Хрстијан Мицкоски да се изработи документ во кој ќе се дефинираат приоритетите за развој на државата во следните 25 година. Претседателот на МАНУ, Живко Попов вели дека токму тоа е и основната цел на институцијата што ја води.

– Секако, Македонската академија на науките и уметности го поздравува и поддржува предлогот на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски за изработка на заедничка стратегија за развој на државата до 2025 година. Впрочем, тоа е дел од нејзината основна дејност, да изработува стратегии за најважните области по кои треба да се движи државата како што се образованието, науката, економијата, владеењето на правото, здравствениот систем, земјоделието, енергетиката, пензискиот систем и друго – вели претседателот Живко Попов во изјава за Алфа.

Премиерот Мицкоски предлага стратегијата да вклучува долгорочни цели во контекст на демографските, економските и технолошките предизвици, како и развојот на енергетиката и транспортот. По дефинирањето на контурите на проектот, Владата ќе бара широк партиски консензус.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изминатата недела нови 50 случаи на грип!

Следно

Палестинскиот претседател повика на итен прекин на израелската војна во Газа

Latest from Blog

Феран со хет-трик а ПСЖ со “шестка“ против Слован, Ливерпул и Арсенал победнички, Галата со пораз во Лисабон

ФОТО:facebook.com/PSG Уф, каков настап на Феран Торес во дресот на ПСЖ во првиот меч во ЛШ сезонава. Победа на европскиот првак со 6:1 против Слован, ама ѕвездата на вечерта е Феран Торес

Роналдо со гол бр.979 за победа на Ал-Наср!

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN Кристијано Роналдо одигра клучна улога во победата на Ал-Наср над гостинската екипа Абха во 6-то коло од првенството на Саудиска Арабија. Португалецот постигна еден од головите во победата од 2-1 и

Невреме во Јапонија: Свлечиште затрупа возила во подножјето на планината Фуџи

Свлечиштето се случи откако обилните дождови погодија големи области во централна Јапонија, пишува Ројтерс. Свлечиштето се случи на паркингот на 5-тата станица на патеката Фуџиномија, популарна почетна точка за планинарите. Јапонската метеоролошка

Божиновска на енергетска средба во Солун со американската амбасадорка Гилфојл

Американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, неодамна во Солун организирала средба со високи претставници од енергетскиот сектор и партнери од Грција, Кипар, Северна Македонија и Романија, на која се разговарало за можностите
Go toTop