Манифестацијата за палење на олимпискиот оган за ЗОИ „Милано Кортина 2026“ ќе се одржи во затворен простор

November 24, 2025
1 min read

Во затворен простор, во Археолошкиот музеј во античка Олимпија наместо во храмот на божицата Хера, поради лошите временски услови ќе се одржи в среда церемонијата за палење на олимпискиот оган за ЗОИ „Милано Кортина 2026“, јави дописничката на МИА од Атина.

Олимпискиот оган, традиционално се пали од зраците на сонцето во храмот на божицата Хера во античка Олимпија на грчкиот полуостров Пелопонез, онаму каде што пред 2.800 години беа одржани првите антички олимписки игри.

Ден претходно се одржува генералната проба, запалениот оган се чува, доколку времето на денот на церемонијата е облачно и без сонце.

Оваа година, како што соопштија од Грчкиот олимписки комитет, „поради лошите временски услови предвидени за вторник, 25 ноември, и среда, 26 ноември“, двете планирани манифестации, наместо на отворено, во храмот на божицата Хера, ќе се одржат на затворено, во просторот на Археолошкиот музеј во античка Олимпија.

– Оваа промена беше оценета како неопходна за безбедноста на сите и за да се зачува престижот на церемонијата, соопштија од Грчкиот олимписки комитет и паралелно изразија жалење за промените, со оглед на тоа што нема да биде можно присуство на публика.

Олимпискиот оган од античка Олимпија во периодот од 26 ноември до 4 декември штафетното ќе патува низ цела Грција, ќе помине 2.200 километри, 23 префектури и седум региони, со 36 церемонии и вклучени 450 лица што ќе го пренесуваат факелот, придружени од 15 возила и 40 претставници на Грчкиот олимписки комитет.

Штафетата ќе помине низ низа градови во цела Грција и на 4 декември ќе пристигне во Атина, каде што на свечена манифестација отворена за јавноста на стадионот Панатенаик, олимпискиот оган ќе му биде предаден на Организацискиот одбор на ЗОИ „Милано Кортина 2026“,

Првиот факел од античка Олимпија ќе го преземе освојувачот на бронзен медал во веслање на Олимписките игри во Париз, Петрос Гајдаѕис.

Зимските олимписки игри во Милано и Кортина ќе се одржат од 6 до 22 февруари 2026 година.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Словенците на референдум го отфрлија законот за асистирана смрт

Следно

Градоначалникот Тоневски најави дигитализација и нова локација за даночните услуги

Latest from Blog

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Стево Пендаровски, поранешниот претседател на државата од СДСМ, упати јасна порака до раководството на неговата партија, дека се наоѓаат на сериозна крстосница и оти без длабоки промени партијата може да се соочи
Go toTop