Манасиевски: Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани (ВИДЕО)

September 25, 2025
1 min read

Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДС и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица. Ве замолувам да го проследиме видеото. Целата македонска јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, ширејќи страв и трепет врз останатите жители или туристи кои биле во тој период во градот. Да нагласиме дека освен овие насилници кои ги видовме во видеото, има и други кандидати за советници од СДС имаат кривични пријави, а за еден има и прекршочна пријава за насилство. Јасно е дека СДС во Струмица знае само за еден пристап, а тоа е заплашување на народот и физичка агресија врз него СДС наместо да понуди визија, програма и идеа, тие нудат тепачи и насилници да бидат дел од советничката листа на СДС во Струмица. Во однос на оваа крвничка тепачка од страна на насилниците од СДС врз странски државјани, јавноста мора да знае дека МВР има поднесено кривични пријави, но секако погодувате, судството нема донесено никаква правна разрешница, истакна Манасиевски.

Овие луѓе не смеат да бидат нашата иднина, и бараме осуда и оградување од страна на СДС и локалното раководство. Исто така, бараме и правда и одговорност. Време е за вистинска промена во Струмица, додаде Мансиевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Гранит и Макпетрол во фокусот на тргувањето денес

Следно

Баба Ванѓа за овие 2 знаци предвидела дека неочекувано ќе се збогатат во 2026 година

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop