Комерцијална банка, Гранит и Макпетрол во фокусот на тргувањето денес

September 25, 2025
1 min read

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 25 септември 2025 година, индексот МБИ10 бележи минимален пад од 0,05%, достигнувајќи ниво од 10.409,02 поени, при вкупен промет од 129,45 милиони денари. Најголем дел од активноста беше резултат на блок зделка со акциите на Гранит, која генерираше над 95 милиони денари. На редовниот пазар најактивни беа Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол. Индексот ОМБ остана непроменет на 128,27 поени, без тргување со обврзници.

Најтргувани хартии од вредност

● Гранит АД Скопје (GRN) – 95.865.900 денари (блок зделка)
● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 10.519.910 денари (вклучувајќи блок зделки)
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 5.696.220 денари

Топ 3 добитници

● Макпетрол АД Скопје (MPT) +0,76%
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,02%
● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) +0,14%

Топ 3 губитници

● Реплек АД Скопје (RPK) –3,12%
● Макстил АД Скопје (MST) –2,94%
● ТТК Банка АД Скопје (TTK) –0,84%

Обврзнички пазар

Иако повеќе државни обврзници се котираа во текот на денот, не беа реализирани трансакции, што го задржа индексот ОМБ стабилен на 128,27 поени. Сесијата на 25 септември 2025 година се одвиваше во знакот на висок промет благодарение на блок зделката со Гранит, што значително ја зголеми ликвидноста на пазарот. Најактивни на редовниот пазар беа Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, при што Макпетрол оствари и позитивно ценовно движење. И покрај високиот вкупен промет, индексот МБИ10 остана речиси непроменет, а обврзничкиот пазар и натаму е без активност.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гасперини: Рома мора брзо да учи од своите грешки

Следно

Манасиевски: Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани (ВИДЕО)

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop