Манасиевски: СДС уште еднаш потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, Филипче треба да одговори како стигнал до златна виза за Дубаи

December 28, 2025
1 min read

Одговор: Да, го видовме тоа соопштение. Прво демантираме било какви измислици и лажни вести од страна на СДС.

Но, би сакал во истото тоа соопштение да цитирам еден пасус, којшто е навистина многу важен и апропо денешната прес-конференција, каде што вели, цитирам: „Д-р Венко Филипче работи како доктор и не се занимава со градење какви било згради, а особено не со зграда од 42 ката во Дубаи со Зоран Заев, кој веќе пет години е во политичка пензија. Да повториме за оние што сè уште не ја добиле таа информација, ако воопшто има такви“.

Со оваа констатација СДС дополнително потврдува она што ние го говориме дека Зоран Заев гради 42-катница во Дубаи.

Нашето прашање е, од каде му се тие пари на Зоран Заев за да гради 42-катница во Дубаи?

И дополнително, доколку Венко Филипче не гради заедно со Зоран Заев 42-катница во Дубаи, го повикуваме да ги покаже оние документи за кои тој самиот говореше дека ги има за некаква работна виза во Дубаи, да ги покаже.

Доколку не, од каде му се и на него парите за да инвестира?

Бидејќи знаете, за да добиете златна виза во Дубаи, вие треба да имате инвестиција, бизнис или недвижност во вредност, минимум од 500 илјади долари. А со докторска плата и со плата на пратеник, сметам дека не би можеле да си купат толку скапи недвижности во Дубаи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скандал зад бајковитата свадба на ќерката на Ремзи: „На мајка ѝ предизвикавте толкава болка што НЕЈЗИНАТА ДУША ВРЕСКА“

Следно

Хрватска склопува нов договор со Косово и Албанија – ЌЕ ПРОИЗВЕДУВААТ ОКЛОПНО ВОЗИЛО (ВИДЕО)

Latest from Blog

Лесно е кога Елмас ќе даде гол, Аталанта убедливо победи, фаворитите немаа проблеми

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна најбрзиот гол во изминативе три дена во трите натпреварувања на УЕФА. Елмас погоди за водство на Аталанта во Бергамо кога по само 46 секунди даде гол

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и
Go toTop