Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

November 15, 2025
1 min read

Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентина Манасиевски:

„Почитувани сограѓани, почитувани претставници на медиумите,

Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев, го постави Александар Трајановски за потпретседател на партијата.

Ова именување е уште една потврда дека Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка.

Филипче со ова покажува дека не му е важен напредокот на СДС. Тој избира кандидат кој ги загуби локалните избори, но истовремено е близок до него и до неговиот ментор Заев.

Јавноста добро ги памети нивните летувања на скапите грчки плажи, уживајќи во ултра луксузната јахта на Заев. Со ова, се докажува дека ова трио не го интересира народот, туку луксузот.

СДС со истите луѓе како Заев, Ковачевски и Филипче, продолжува да тоне во бездната. И наместо да се реформира и да се освежи, тие ставаат повторно кадри кои се продолжеток на Зоран Заев.

Реформите во СДС ќе дојдат само доколку Филипче си замине од партијата.“

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КОГА Е ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ ДА ЈА УКРАСИТЕ ВАШАТА ЕЛКА? Еве ги датумите што носат пари, љубов и среќа

Следно

Италија има повеќе домашни миленици отколку бебиња – стапката на наталитет во земјата е на најниско ниво досега

Latest from Blog

КАКО СЕ ПРАВИ НЕПРОБОЈНО СТАКЛО ЗА АВТОМОБИЛИ и како се разликува од обичното

Иако терминот „непробојно“, поправилно е да се каже „отпорно на куршуми“, бидејќи степенот на заштита зависи од видот на оружјето, муницијата и брзината на проектилот. Повеќето возачи, при избор на нов автомобил,
Go toTop