Малвер-замки во 2025 година: Како еден клик може да ве чини многу крипто-средства

August 6, 2025
1 min read

Бидете внимателни и останете во целосна контрола врз вашите крипто средства

Годинава, фишинг-нападите стануваат сè пософистицирани, особено оние кои вклучуваат е-пошта со прикачени документи што содржат малвер. Сајбер-криминалците сега испраќаат реалистични пораки со ZIP документи кои, штом се отворат, незабележливо инсталираат штетен софтвер на вашиот уред. Често овие пораки доаѓаат од лажни профили кои се претставуваат како претставници на крипто берзи.

Еден случај од јуни 2025 ја покажува сериозноста на ситуацијата. Па така,корисник на Binance добил електронска пошта од лице што лажно се претставувало како менаџер. Прикачениот ZIP документ, заштитен со лозинка, инсталирал малвер и го компромитирал уредот. За само неколку часа, хакерите ги искористиле зачуваните API клучеви за да извршат неовластени повлекувања од друга држава. Нападот бил брз и разорен, а не барал ниту лозинка за пристап.

 

Овој нов бран на напади може да се движи од keyloggers кои ги снимаат вашите притискања на тастатурата до тројанци за далечински пристап (RAT) кои им даваат на хакерите целосна контрола. Крајната цел е да се добие целосна контрола врз вашиот уред и врз вашите криптосредства.

Сепак, Binance активно возвраќа. Безбедносни алатки како multi-factor authentication (MFA), passkey и поддршка 24/7 се достапни за да им помогнат на корисниците да останат заштитени. Најважно од сè – Binance никогаш не испраќа ZIP или било каков друг вид на документи преку е-пошта и ги повикува сите корисници веднаш да пријават каква било сомнителна активност.

Како да се заштитите? Следете ги овие 5 совети:

1. Инсталирајте доверлив антивирусен софтвер.

2. Избегнувајте отворање прикачени документи од непознати извори.

3. Редовно прегледувајте ги вашите API поставки и дозволи.

4. Користете силни алатки за автентикација, како Passkey.

5. Следете ја активноста на вашата сметка и внимавајте насомнителни промени.

Доколку некогаш отворите сомнителен документ, веднаш исклучете го уредот, скенирајте го со антивирус и контактирајте го Binance Support тимот.

На крајот, најдобрата заштита е проактивен и информиран корисник. Бидете внимателни и останете во целосна контрола врз вашитекрипто средства.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Почна обуката на пожарникарите кои беа селектирани по Јавен оглас од Владата

Следно

Поништена казната на возачот што возел пребрзо во Франција бидејќи ја носел во болница сопругата која се пораѓала

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop