Малата Данка била убиена, уапсени две лица

April 4, 2024
1 min read

Двегодишната Данка Илиќ од Бор, по која се трагаше 10 дена, е убиена. Две лица осомничени за убиството се уапсени. Ова го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредна седница на Владата на Србија.

„Имаме лоши вести за детето од Бор, Данка Илиќ е убиена. Полицијата уапсила две лица кои ја убиле Данка и колку што разбрав и двајцата го признале делото.“ – рееч Вучиќ.

Вучиќ и се заблагодари на полицијата за големиот труд и посветеност. За убиството на Данка се уапсени двајца 50-годишни работници на јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор. Според информациите, тие ја удриле и усмртиле Данка со службено возило, по што телото го ставиле во багажникот и го фрлиле на дива депонија кај Бор.

„Дента, осомничените додека возеле, ги застанал таткото на девојчето и ги прашал дали виделе девојче, а тие одговориле негативно. Двајцата не одведоа на депонијата, но имаме сознанија дека едниот се вратил на 28 март и го префрлил телото на друга локација. Си ја префрлаа одговорноста.“ – изјави Братислав Гашиќ министер за внатрешни работи.

Обвинителството во Бор соопшти дека се приведени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, како и дека се собираат докази за кривична постапка.

„На ден 04.04.2024 г. во 7 часот по наредба на Вишото јавно обвинителство Зајечар, Ј.С.од с.Лука и Д.Д. од с.Злот, поради постоење основно сомнение дека на 26.03.2024 год му го одзеле животот на детето Данка Илиќ, и дека со тоа сториле кривично дело тешко убиство од член 114 од Кривичниот законик“.

Ним им се става на товар тешко убиство за кое се предвидува казна затвор од десет години или доживотен затвор. Истрагата укажува дека ова се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако исчезна девојчето, како што кажа мајката во пријавата.

Инаку, претходно, потрагата по Данка се прошири се до Виена, откако се појавија информации дека таа била видена таму, што потоа беше демантирано од австриската полиција. Десет дена траеше потрагата по двегодишната Данка Илиќ која исчезна на 26 март во населбата Бањско Поле кај Бор, по што уследи масовна потрага.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Британски „Индепендент“: Светското јавно мислење се оддалечува од Израел

Следно

Нов начин на полагање на државната матура, нема да се полага во училници

Latest from Blog

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и

Пикфорд уште долго ќе биде дел од Евертон

Иако неговиот актуелен договор со Евертон е до 2027 година, сепак, Џордан Пикфорд искусниот голман уште долго време ќе биде дел од овој клуб. Евертон планира да му понуди нов договор, што

Путин: Не гледам поента во средба со Зеленски, со Украина е тешко да се постигне договор

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека не гледа многу смисла во средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски, каде што би се разговарало за крајот на војната во Украина, објави „Киев

Салата со бело сирење и лаванда: Невообичаена комбинација од мирис и вкус

Парче бело сирење носи совршена рамнотежа помеѓу блага соленост и кремаста текстура, што ја прави оваа салата особено вкусна. Нејзината хранлива вредност и богатството со протеини се идеални за лесни, но заситувачки
Go toTop