Макрон: Не сум убеден дека Путин сака мир

August 19, 2025
1 min read

Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник изрази претпазливост во врска со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, која ја организира американскиот претседател Доналд Трамп.


Средбата меѓу Зеленски и Путин би била чекор напред, рече францускиот претседател по самитот меѓу Трамп, Зеленски и европските лидери во Белата куќа.

„Дали мислам дека би можело да биде конечно? Останувам многу претпазлив“, рече Макрон, нагласувајќи дека работата не е ни блиску до завршување.


„Имаме американски претседател и претседател Украина кои сакаат мир… За Путин не сум убеден“, рече тој.

„Имам најголеми сомнежи во желбата на рускиот претседател за мир. Неговата крајна цел е да заземе што е можно повеќе територија, да ја ослабне Украина и да има земја која не е одржлива сама по себе или во рамките на руската сфера на влијание. Тоа е прилично очигледно“, рече Макрон.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес е Преображение Господово

Следно

Арсенал и официјално ја отфрли понудата на Реал Мадрид за размена на играчи!

Latest from Blog

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски,
Go toTop