Макрон ја одложи посетата на Германија поради немирите во Франција

July 1, 2023
1 min read

Посетата на Емануел Макрон, како што соопштија германските власти, требаше да биде прва државна посета на Германија од страна на француски претседател по 23 години

Францускиот претседател Емануел Макрон ја одложи официјалната посета на Германија поради немирите кои ја зафатија Франција, соопштија германските власти, пренесе Би-би-си.

Посетата на Макрон, како што соопштија од кабинетот на германскиот претседател, требаше да биде прва државна посета на Германија од страна на француски претседател по 23 години.

„Францускиот претседател Емануел Макрон денеска имаше телефонски разговор со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер и го информираше за ситуацијата во неговата земја. Претседателот Макрон побара да се одложи неговата планирана државна посета на Германија“,

се вели во соопштението на германското претседателство.

Германскиот претседател Штајнмаер, пак, рекол дека жали за откажувањето на посетата, но и дека целосно ја разбира ситуацијата во соседната земја.

Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Францускиот претседател заедно со сопругата Брижит утре требаше да допатува во тридневна посета на Германија. Покрај средбата со претседателот на Сојузна Република Германија, агендата предидуваше и средба со герамнскиот канцелар Олаф Шолц, како и говор на Макрон во Дрезден за француско-германските односи.

Макрон го одложи своето патување во Германија во момент кога неговата земја се соочува со масовни немири по убиството на 17-годишен тинејџер од страна на француската полиција.

Во насилните протести само изминатата ноќ беа приведени над 1 300 луѓе, а повредени 79 полицајци. Запалени се околу 1 350 автомобили, а опожарени или оштетени се 234 објекти.

За справување со нередите се ангажирани околу 45 000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Силно невреме го зафати Скопје

Следно

НЕ САКАВ ДА УЧАМ НА ФДУ КАЈ ТАТКО МИ, ОТИ СМЕТАВ ДЕКА ТРЕБА САМ ДА СИ ГО ГРАДАМ ПАТОТ, ВЕЛИ ГЛУМЕЦОТ ДАМЈАН ЦВЕТАНОВСКИ

Latest from Blog

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани
Go toTop