Макрон ја одложи посетата на Германија поради немирите во Франција

July 1, 2023
1 min read

Посетата на Емануел Макрон, како што соопштија германските власти, требаше да биде прва државна посета на Германија од страна на француски претседател по 23 години

Францускиот претседател Емануел Макрон ја одложи официјалната посета на Германија поради немирите кои ја зафатија Франција, соопштија германските власти, пренесе Би-би-си.

Посетата на Макрон, како што соопштија од кабинетот на германскиот претседател, требаше да биде прва државна посета на Германија од страна на француски претседател по 23 години.

„Францускиот претседател Емануел Макрон денеска имаше телефонски разговор со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер и го информираше за ситуацијата во неговата земја. Претседателот Макрон побара да се одложи неговата планирана државна посета на Германија“,

се вели во соопштението на германското претседателство.

Германскиот претседател Штајнмаер, пак, рекол дека жали за откажувањето на посетата, но и дека целосно ја разбира ситуацијата во соседната земја.

Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Францускиот претседател заедно со сопругата Брижит утре требаше да допатува во тридневна посета на Германија. Покрај средбата со претседателот на Сојузна Република Германија, агендата предидуваше и средба со герамнскиот канцелар Олаф Шолц, како и говор на Макрон во Дрезден за француско-германските односи.

Макрон го одложи своето патување во Германија во момент кога неговата земја се соочува со масовни немири по убиството на 17-годишен тинејџер од страна на француската полиција.

Во насилните протести само изминатата ноќ беа приведени над 1 300 луѓе, а повредени 79 полицајци. Запалени се околу 1 350 автомобили, а опожарени или оштетени се 234 објекти.

За справување со нередите се ангажирани околу 45 000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Силно невреме го зафати Скопје

Следно

НЕ САКАВ ДА УЧАМ НА ФДУ КАЈ ТАТКО МИ, ОТИ СМЕТАВ ДЕКА ТРЕБА САМ ДА СИ ГО ГРАДАМ ПАТОТ, ВЕЛИ ГЛУМЕЦОТ ДАМЈАН ЦВЕТАНОВСКИ

Latest from Blog

Тоневски: Спортскиот дух нема години – честитки за одличниот успех на пробиштипските пензионери

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека пробиштипските пензионери кои учествуваа на Републичките спортски натпревари на пензионерите од Македонија. Претставниците на Здружението на пензионери од Пробиштип постигнаа одлични резултати, освојувајќи

Николоски: Македонија на чекор до историски рекорд од 4 милиони патници

Авиосообраќајот во Македонија продолжува да бележи значителен раст, а годинава бројот на патници на двата аеродроми би можел да достигне 4 милиони, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него,

(Видео) ТРАГЕДИЈА ВО ИСТАНБУЛ – Се урна дел од зграда, спасувачки екипи на теренот

Рано утрово околу 5:40 часот се урнаа првите три ката од седумкатна станбено-деловна зграда во истанбулската населба Малтепе, предизвикувајќи масовна спасувачка акција и голема загриженост откако под урнатините се трага по преживеани.

(Видео) ТРАГЕДИЈА ВО ИСТАНБУЛ – Се урна дел од зграда, спасувачки екипи на теренот

Рано утрово околу 5:40 часот се урнаа првите три ката од седумкатна станбено-деловна зграда во истанбулската населба Малтепе, предизвикувајќи масовна спасувачка акција и голема загриженост откако под урнатините се трага по преживеани.
Go toTop