Македонците бараат поништување на одлуката на албанската Влада за отворање центри за мигранти во ОПШТИНА ПУСТЕЦ

January 18, 2026
2 mins read

Македонската заедница од Општина Пустец, преку партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ја изразуваат длабоката загриженост и силното противење во врска со одлуката на албанската Влада за отворање три прифатни центри за мигранти на територијата на оваа општина, поточно во административната единица Зрноско и на спортските игралишта во Пустец и во селото Долна Горица.

-Оваа одлука произлегува од нормативниот акт „За одобрување на Националниот план за контингенција за мешани миграциски текови 2026–2028 година“, објавен во Службен весник, според кој, во случај на криза, за управување со миграциските текови е предвидено формирање на 20 прифатни центри за мигранти на територијата на Албанија во текот на следните две години. Овие центри се планирани за мигранти од Авганистан, Пакистан, Иран, Сирија, Либан и Газа, кои ја користат Албанија како транзитна земја кон Европската Унија, рече на денешната средба со новинарите во Корча, Васил Стерјовски, лидер на партијата, на која присуствуваше и Атанас Плоча, заменик градоначалник на Општина Пустец.

МАЕИ и Македонците во оваа општина го осудуваат фактот дека оваа одлука е донесена без никакви јавни консултации со жителите на македонската заедница во општина Пустец, без вклучување на локалната самоуправа и без дијалог со локалните актери, со што сериозно се кршат принципите на локалната самоуправа, транспарентноста и партиципативната демократија.

-Нагласуваме дека сите три области предвидени за изградба на прифатни центри се наоѓаат на брегот на Преспанското Езеро, додека целата територија на Општина Пустец е дел од Националниот парк Преспа, заштитено подрачје од особено еколошко, културно и туристичко значење. Понатаму, Општина Пустец е прогласена за туристичко подрачје, додека селото Зрноско е вклучено од самата албанска влада во програмата од 100 туристички села, рече Стерјовски.

Додаде дека Македонците во  Преспа не бараат прифатни центри за мигранти, туку конкретни инвестиции во инфраструктура, туризам, земјоделство и одржлив развој, со цел Преспа да се трансформира во вистинска туристичка дестинација и да се запре процесот на депопулација на областа.

Оценуваат дека отворањето на овие центри, во комбинација со целосниот недостаток на државни инвестиции, ризикува дополнително продлабочување на емиграцијата на жителите на општина Пустец од нивното родно место, сериозно загрозувајќи го постоењето и континуитетот на македонската заедница во оваа област.

-Во име на Македонците, МАЕИ бара од Албанската влада итно отстранување на Општина Пустец од мапата предвидена за формирање прифатни центри за мигранти, Планирање и спроведување на конкретни инвестиции во инфраструктурата и локалниот развој, земајќи го предвид фактот дека областа на Преспа е запоставена од сите влади во последните 35 години, нагласи Стерјовски.

Според него, одлуката претставува директно кршење на член 16 од Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, кој строго забранува преземање државни мерки што го менуваат или имаат за цел да го променат демографскиот состав на единиците на локалната самоуправа населени со национални малцинства.

-Поставувањето прифатни центри за мигранти во општина со автохтоно македонско население претставува демографска интервенција со долгорочни последици, која сериозно го загрозува опстанокот, идентитетот и одржливоста на оваа заедница, а истовремено ќе има негативно влијание врз развојот на туризмот во регионот на Преспа, рече тој.

Најави дека МАЕИ ќе ги искористи сите законски и институционални патишта за заштита на правата на Македонската заедница во Општина Пустец и ги повикува државните институции да го почитуваат законот, животната средина, идентитетот и волјата на автохтоните жители на Преспа.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Серлот му донесе триумф на Атлетико Мадрид!

Следно

Кој европски град има највисока стапка на милионери во светот?

Latest from Blog

(ВИДЕО) Николоски: Ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од експресниот пат Градско -Дреново (Прилеп) и испрати порака: „Во пресрет на големиот празник Богојавление – Водици погледнете го

Фото: Шон Пен „уловен“во друштво со млада убавица

Како што објавија странските медиуми, ова е ретка можност заљубениот пар да се види заедно во јавноста, па затоа не е изненадувачки што нивното појавување привлече големо внимание  посебно на социјалните мрежи.

Серлот му донесе триумф на Атлетико Мадрид!

ФОТО: Atlético de Madrid/FB Атлетико Мадрид продолжи со серија добри резултати на домашен терен, славејќи во првиот натпревар по двонеделна пауза во шпанското првенство на „Ванда Метрополитано“ против Алавес со 1:0 во

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија

Пронајдени се 350.000 евра соѕидани во дом на родители на судија од Апелациски суд во Скопје осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот, информираше вечерва Јавното обвинителство, посочувајќи дека се работи за
Go toTop